ЦИВИЛ ги достави препораките за изборни реформи и измени во Изборниот законик до Министерството за правда. Министерот за правда, Билен Саљији ги прими претставниците на ЦИВИЛ на подолг состанок на кој претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, ги претстави препораките. Оваа средба доаѓа како продолжение на комуникацијата започната во декември минатата година, кога Министерот за правда ги најави измените во изборната легислатива пред претставниците на релевантни државни ресори, невладините организации и меѓународната заедница, а како дел од Планот 3-6-9.
Дерала на Министерот Саљији му ги претстави областите во кои ЦИВИЛ предлага низа мерки, измени и реформи во сферата на изборната легислатива, но и сериозни реформи во доменот на изборниот систем и изборната пракса.
Оваа средба претходи на јавната презентација на препораките кои, заедно со извештаите и анализите на ЦИВИЛ се дел од публикацијата „Слободни избори: Научени лекции“. Промоцијата ќе се одржи на 15 февруари во Public Room (50та дивизија, 22), со почеток во 13 часот, на која ќе говори и заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија, Марко Акватичи.
Меѓу другото, на средбата меѓу претставниците на ЦИВИЛ и Министерот Саљији стана збор за Државната изборна комисија, изборните нерегуларности, но и ставови и мислења за можностите и предизвиците за ефикасно спроведување на реформите во изборниот систем.
Без оглед на срдечниот прием кај Министерот Саљији ез оглед кои решенија ќе ги понуди министерот, вклучувајќи ги преораките на ЦИВИЛ, за измени во изборниот систем и Избирачкиот законик, останува на парламентарните партии да постигнат консензус за промените кои ги нуди ЦИВИЛ, експертската јавност и граѓанското општество.
Биљана Јордановска