„Да престанеме да се занимаваме со национализам, и тој национализам да не биде алатка само за доаѓање на власт, затоа што почувствуваме многу во изминатиот период, и од нашето антифашистичко минато, и од настаните од 1991 до 2001 година, дека таквите процеси не водат кон напредок и успех. Успехот и напредокот треба да го гледаме во напредокот на институциите на системот, во интегрирање на евроатлантските асоцијации, и со рушење на бариерите, односно линии коишто се само измислена пречка помеѓу нас. Треба да се почитуваме меѓусебно и да немаме никакви претензии“.
Борјанчо Мицевски, градоначалникот на Крива Паланка
Мицевски: Национализмот не смее да биде алатка за доаѓање на власт
24 октомври 2020 година