• Latest

Да го пронајдеме сонцето во нашите мисли

March 21, 2021
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Да го пронајдеме сонцето во нашите мисли

Порака по повод 21 март, денот на пролетта, шумите и грижата за животната средина. Секој ден е добар за одбележување на грижата за животната средина. Или, како што велиме ние во ЦИВИЛ: Сите временски услови се добри за активизам.

March 21, 2021 08:51
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Јас сум денеска во Гостивар, на љубезната покана од градоначалникот д-р Арбен Таравари и Советот на општината, да ја одбележиме пролетта, екологијата и грижата за животната средина, а пред се дрвјата, белите дробови на нашиот заеднички дом, планетата Земја.

Секој ден е добар за одбележување на грижата за животната средина. Или, како што велиме ние во ЦИВИЛ: Сите временски услови се добри за активизам.

Дваесет и први март е познат по тоа што на тој ден календарски започнува пролетта. Овој датум е познат и како ден на садењето и како ден на шумите, а во некои земји се одбележува и како ден на екологијата.

Според одлуката изгласана на конференцијата на Организацијата за храна и земјоделство при ОН во 1971 година, 21 март е прогласен за Меѓународен ден на шумите, но во поглед на таа тема не се преземени некои посебно значајни активности дури четири децении.

Дури во 90-те години од минатиот век, соочен со дефорестацијата, загадувањето и климатските промени, во светот започнуваат глобални акции за заштита на животната средина. Тие акции стануваат глобален тренд со почетокот на новиот милениум.

Генералното собрание на ОН ја прогласи и целата 2011-та за година на шумите, а на 28 ноември 2012 година, ОН повторно се навратија на овој датум и ја донесоа Резолуцијата за 21 март да се одбележува како Меѓународен ден на шумите, како што Организацијата за храна и земјоделство при ОН го стори тоа во далечната 1971 година.

Со глобални активности, светот започна со одбележување на 21 март како Меѓународен ден на шумите во 2013 година.

Во нашата земја, како и во други земји во светот, 21 март е ден кога се одбележува почетокот на пролетта, но се одбележува и како ден посветен на екологијата.

На овој датум, добро е да се потсетиме дека Меѓународниот ден на животната средина е 5 јуни, а оваа година, светот ќе го означи 5 јуни како почеток на глобалната Декада на ОН за обновување на екосистемот. Обновувањето на екосистемот подразбира намалување на загадувањето и на емисијата на јаглерод во атмосферата, но подеднакво важни се и квалитетното образование, борбата против сиромаштијата и гладта во светот, мирот, борбата против корупцијата и насилството, борбата за човекови права и слободи, еднаквост за сите луѓе.

Чест ми е, во името на ЦИВИЛ – Центар за слобода, организациската единица Зелен ЦИВИЛ и во мое име, да ги поздравам и да им ја укажам мојата длабока почит, пред сè на граѓанките и граѓаните на општина Гостивар, на активистите на организациите на граѓанското општество и на моите домаќини, д-р Таравари и општината Гостивар.

Се разбира, 21 март, денот на пролетта, паѓа во месец кој е познат по својата непредвидливост, па затоа ќе го прославиме доаѓањето на пролетта со дожд и снег, но важно е да го најдеме сонцето во нашите мисли и така да ја градиме иднината. А иднината е во нашата грижа за животната средина. Со тоа ќе дадеме најдобар придонес кон подобрување на условите во кои ќе живеат генерациите по нас.

 


Attribution 4.0 International (CC BY 4.0)

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ