Новинарот, колумнистот и уредник, Ѕвездан Георгиевски, во саботата, во Охрид во рамки на манифестацијата Летни уметнички ноќи на улица Самоилова, во организација на „Култура 365“, го промовираше најновото прозно дело „Да не бидам покусо“.
Книгата „Да не бидам покусо“ претставува збирка од куси раскази и кратки форми, т.н. „едноминутни новели“ создадени под влијание на Иштван Еркењ, но и на други автори на куси раскази како Хармс и О’Хара. Тематски се движат меѓу надреалното и апсурдот, често навлегувајќи во магичниот реализам.
Расказите ги промовираше Свале Ѓорѓо Димоски.
Ѕвездан Георгиевски во моментов работи како извршен директор на Фондацијата „Славко Јаневски“. Автор е на романот „Една недела во животот и смртта на Гроздан“ и публицистичкиот труд „Урбани топоними“. Неговите колумни можат да се прочитаат на интернет страницата на БИРН Макеоднија, prizma.mk.