• Latest

Да се помириме. Со судбината…

December 20, 2018
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Да се помириме. Со судбината…

December 20, 2018 10:15
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Насмевки на лицата, блицовите од апаратите светкаат како лајтшоу, сите се ведри и гордо раскажуваат за постигнувањата, за трансформациите во општеството. Институциите и администрацијата го променија курсот за 180 степени и сега не се партиски клубови и агенции за вработување на партиските војски, туку работат за доброто на граѓанките и граѓаните.

Џабир Дерала

Во светот на бајките…

Институциите им помагаат на луѓето, дуќаните и фирмите. Ако нешто погрешат, тие ги опоменуваат, им даваат совети и друга помош, за грешките да не се повторат, животот да стане полесен, а успехот во работата да биде поголем. Бидејќи, државата и власта се свесни дека, посреќни луѓе се попродуктивни, а фирмите на кои им се помага со флексибилност, брзина и ефикасна, а едноставна администрација, се попрофитабилни.

Сите заедно се далеку поспремни да плаќаат даноци, а кога веќе мора да платат казна, таа не ги уништува, туку ги мотивира да се поправат во иднина. Сите заедно знаат дека институциите прават огромни напори да ги подобрат јавните услуги, пред сѐ образованието, здравството и безбедноста, преку своите примарни установи, но и преку сите останати делови на системот. Во сите нив сега работат совесни професионалци, скромни и без предрасуди.

Дојде време да се занимаваме со големите прашања, подобрување на односите со соседните држави и меѓународната положба, со евроатлантските интеграции. Време е, има волја за тоа, има отворени врати, особено затоа што институциите застанаа на здрави нозе и ја исполнуваат својата основна функција – да им служат на луѓето што ги плаќаат, а не да бидат партиски штабови. Не се Заев и неговиот тим сами во тој од кон иднината, системот функционира во единство, квалитетно и синхронизирано.

На локално ниво? Бајка! Во општините заживеа поинаков дух, едно домаќинско работење, за милина! Најголем дел од првите луѓе на општините се добри другарки (само шест ги има) и другари со своите сожители. Ги решаваат проблемите на луѓето непосредно и брзо, без непотребни оптоварувања на постапките. Ги потпишуваат неопходните документи навреме, да не речам веднаш, за луѓето да можат да ги решат своите социјални проблеми, катастарски работи, решенија за подобрување на животната средина и квалитетот на животот воопшто. Учат едни од други, без завист и суета, а за поткуп и други незаконски работи, и да не говориме! Доволна беше поуката од времето на Груевски! Сега е време за служба во името на граѓанките и граѓаните, да се исполнат ветувањата што ги даде премиерот и неговиот тим! Нели? Или не?

А сега, да се разбудиме…

Институциите останаа партиски штабови, со тоа што разликата сега е во тоа што тие, наместо на една, станаа партиски гнезда на сите партии, и опозициски и оние што се на власт. Вистинска кохабитација… Помирување сфатено на најлош можен начин. Се помирија криминалните умови, во стилот: „Има за сите!“ Или со повеќе детали: „Сега малку повеќе за нас, а вас не ве чепкаме, нека се тепаат тие на врвот, а ние да си живееме еден убав и богат живот на грбот на луѓето, а?“

Веќе одамна, секој ден добивам пораки, ми приоѓаат луѓе со своите проблеми. Често слушам дека се препознаваат некои промени, но дека тоа ни оддалеку не е доволно. Луѓето сѐ погласно се револтирани, затоа што праксата останала иста, а во многу случаи и полоша.

Инспекторите на УЈП и другите институции во кои има инспекциски надзор, останале исти. И додека министерот Манчевски говори за промена на лицето на администрацијата што ќе им помага на луѓето, инспекторите палат и жарат. Удираат по грбот на сопствениците на малите фирми и дуќанчиња, безмилосно ги казнуваат и за ситници, имајќи ги истите „ценовници“ од порано, како на казните, така и на рушветот. И постојано се враќаат со нови и нови пријави. Уште глава не кренале дуќанџиите од претходната казана, а пред врата веќе има друг, со папка во рацете и напишана пријава, пресуда и казна. Кадија те тужи, кадија те суди. И жестоко пресудува.

К15 продолжија да плаќаат само приватните фирми што, како и порано, не важи за институциите.  Ако се задоцни со уплата на К15 или ДДВ, казните се неминовни и осакатувачки. А и тоа, како што слушам, не важи за сите подеднакво…

Навистина, газдите мора да исплаќаат и плата и К15 и ДДВ, инаку нема од што да живее системот. Но, мислам дека постои едно просто начело: мора сите да се третираат еднакво и да се има слух за проблемите на луѓето што одвај се справуваат со тешките околности во кои се наоѓа економијата… Онаа економија што ја уништи претходната власт, а сегашната има само добри идеи и планови што институциите не успеваат да ги преточат во реалност. Не успеваат затоа што баш им е гајле. Никој ништо не им може. Ниту се обидел да им може.

Неколку сликички од животот

Денеска, како што ветив пред некој ден, ќе напишам за само неколку од безбројните примери од секојдневието на моите сограѓанки и сограѓани…

Ако во УЈП некогаш поднесете пријава со ненамерна грешка, ќе ви ја ископаат од некаде и ќе ве повикаат. Шалтерската службеничка триумфално, безмалку злобно и грубо, се заканува со казна. Сѐ уште постои данок на непостоечки приливи и големи казни за мали грешки. Сѐ уште плаќате за грешките на администрацијата, а за жалба и не помислувате затоа што никогаш нема да добиете сатисфакција.

Еден наш сограѓанин што уредно се пријавил да го искористи правото да постави прашање на отворен ден во една скопска општина, го добил следниот одговор: „Некој ќе потпише некогаш. Дали градоначалникот, дали некој од началниците, кој знае?“ Началниците, бе! Ни вокабуларот не е сменет! И, каков е тој отворен ден со затворени одговори и ребуси? И незавршена работа?!

Водовод, оној со управната (барокна) зграда од четири милиони евра (или повеќе, сосе анексите) продолжи со старата песна од времето на црни Грујо Серекеш. Ги малтретира луѓето со наводни неплатени сметки од 2010 и 2011 година. А бе, кај го има ова? И, ако не ја најдете сметката што веројатно и сте ја платиле, добивате извршители на врата.

Службеникот на БЕГ ви се јавува на телефон и ве опоменува за неплатена сметка за парно што не го користите… Притоа, тој „добронамерно“, како што му кажале, ве советува да платите во кеш на некој од нивните наплатни пунктови. „Така ни е полесно и сигурни сме дека сте платиле“ – вели – „банките не секогаш ни ги префрлаат парите на време“. Да ги жали човек.

Да продолжам? Секако дека можам, но мислам дека е доволно за денеска. Убави се плановите и изјавите, влеваат надеж, додека светкаат блицовите, но некој треба и да ги спроведе. А не ги спроведува. Вака, од помирувањето ќе ни остане само да се помириме со судбината.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

Share58TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ