• Latest
Џабир Дерала

Далеку е сонцето, но не и недостижно

July 25, 2021
ПОСЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТПИС | Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ / Александар Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ во трка за премиер, студентите со сопствена листа, опозицијата во повеќе колони

September 30, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026

Невести бегалки или нови структури: Политиката зад банкарството

September 30, 2026
Кијив, 30 септември 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Ракети и 188 дронови, меѓу загинатите и дете

September 30, 2026

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Далеку е сонцето, но не и недостижно

Оваа кратка сторија е потсетување дека злосторствата против народите, заедниците и поединците никогаш не застаруваат. Но и дека патот кон помирувањето и соочувањето со минатото, иако многу тежок, не е невозможен.

July 25, 2021 11:50
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Како се врати Средниот Век во Шпанија? Приказната може да започне пред крајот на 13-от век (1391 година), кога Сефардските Евреи биле жртви на прогон и невидени погроми кои ги спроведувала Шпанската инквизиција. Сефардските Евреи своевремено биле просперитетна заедница од чии редови произлегле големи имиња, научници, поети, филозофи и историчари.

Но Инквизицијата имала поинаков план. Од крајот на 13-от век, па сè до 15-от век, но и подоцна, Сефардските Евреи биле присилувани да го прифатат католицизмот и да се асимилираат. Инквизицијата не се задржува само на тоа. Стравот од можноста еднаш конвертираните Сефардски Евреи повторно да им се вратат на своите корени, води кон злогласниот Декрет од Алхамбра во 1492 година. Според некои извори, 40.000, а според други извори, повеќе од 100.000 Евреи биле протерани од кралството, а околу 200.000 биле конвертирани. Декретот е поништен со симболичен акт дури на 16 декември 1968 година.

Во 2015 година, Шпанија донесе закон со кој им се нудат државјанства на Сефардските Евреи, чии предци биле протерани пред повеќе од половина милениум. Притоа, заинтересираните Сефардски Евреи немаат обврска да ги напуштат своите домови, ниту да се откажат од сегашното државјанство.

Со ова, шпанската држава покажа волја да понуди „компензација за срамните настани во минатото на земјата“, како што гласеше официјалниот став во тоа време. Навистина европски! Потег за поздрав и показател дека соочувањето со минатото не може да се спроведе без учество на највисоките власти во една земја.

Но идејата и владината одлука имаа краток век. Само во последниве неколку месеци, шпанските власти издале 3.000 решенија со негативен одговор на апликациите од Сефардските Евреи од разни краишта на светот. Според официјалните статистики на шпанските власти, околу 17.000 апликации сè уште се без одговор. Дури и формално не се прифаќаат апликации за шпанско државјанство на Сефардските Евреи од 2019 година.

Овие денови сè погласни се прашањата дали шпанската држава се предомисли. Од тоа што се случува од 2015 година наваму, по донесувањето на законот, изгледа дека Шпанија само декларативно се одлучи на овој потег, симболично да „компензираат“ за страдањата на Сефардските Евреи во 14-от и 15-от век.

Оваа кратка сторија е потсетување дека злосторствата против народите, заедниците и поединците никогаш не застаруваат. Но и дека патот кон помирувањето и соочувањето со минатото, иако многу тежок, не е невозможен.

Државите, како во случајов Шпанија, кои сакаат да се „еманципираат“ од своето мрачно минато, имаат обврска тоа да го направат одговорно и целосно, не само на зборови, па нека се преточени и во закони. Тие треба и да се преточат во реалност. Извесно е дека во еден момент, тоа и ќе се случи, откако ќе се надминат проблемите кои, за волја на вистината, ги предизвикуваат десничарските политички струи.

Многу поголем, практично непремостлив, е јазот што е создаден од настани во непосредното минато на државите, особено на турбулентниот Балкан, за подалечното минато и да не говориме. Од друга страна, иако изгледа тешко, но сигурно не е невозможно, барем еден парламент на Балканот да отвори расправа за минатото на сопствената држава и да понуди „компензација“ за злосторствата против соседните народи или против заедниците кои живеат на нејзино тло.

Има добри европски и светски примери, како што е Германија, чија државна политика е насочена кон соочување со минатото, со повеќедецениски програми кои даваат одлични резултати. На Балканот, наспроти сите слабости и опструкции, најпозитивен пример е македонската држава која е лидер во регионот кога се работи за мултикултурализмот и процесите на помирување, интеграција и соочување со минатото.

Сепак, освен од државата и од меѓународните спогодби, овие значајни и тешки процеси зависат и од луѓето. Можеби најмногу.

„На крајот, помирувањето е спиритуален процес, кој налага повеќе отколку само законска рамка. Тоа треба да се случи во срцето и умот на луѓето“ – ќе рече легендарниот Нелсон Мандела. (In the end, reconciliation is a spiritual process, which requires more than just a legal framework. It has to happen in the hearts and minds of people. – Nelson Mandela)

Далеку е сонцето… Но не и недостижно.

 


Текстот е личен став на Авторот.
Creative Commons 4.0

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ