• Latest

Дали Дураку од Алијанса го нарече Апасиев од Левица „кловн“ или „палјачо“?

November 17, 2021
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Дали Дураку од Алијанса го нарече Апасиев од Левица „кловн“ или „палјачо“?

November 17, 2021 18:48
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДИСКУРС, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На 9 ноември, функционерот на Алијанса за Албанците, Шефик Дураку напиша Фејсбук пост за лидерот на Левица, Апасиев, употребувајќи го зборот „паљачо“.

„Велат: Апасиев ги загрозува интересите на НАТО. Многу шегобијци сте станале. Ниту Русија и Кина не можат да ги загрозат интересите на НАТО, а не еден палјачо, немојте на ни ја навредувате интелигенцијата“, пишува Дураку во постот објавен на неговиот Фејсбук профил.

Овој став на Дураку, кој се уште стои на неговиот Фејсбук профил, беше првично пренесен од порталот на албански јазик Опинионшќип со наслов „Алијанса: Апасиев е палјачо“, но и од  повеќе медиуми на македонски јазик, кои објавија дека Дураку го нарекол Апасиев „кловн“.

Но, истиот ден, на 9 ноември, порталот Нова ТВ објави содржина со наслов „Шефик Дураку: Наводната моја изјава за Апасиев дека бил Кловн, е спинувана од ДУИ“, во која се пренесува изјава на Дураку дадена за порталот.

„Моја цел со статусот беше да им укажам на спинувачите дека ни ја потценуваат интелигенцијата нашата и на граѓаните, со тоа што партијата Левица и нејзиниот претседател Апасиев ги претставуваат како толку моќни што дури  можеле да и наштетат на НАТО-алијансата. ДУИ бара проблем онаму каде што го нема а целта е да се растури ова мнозинство за рушење на владата“, изјави Дураку во реакцијата за Нова ТВ.

Но, оваа реакција на Дураку не кореспондира со она што е напишано во неговиот Фејсбук статус, во кој Апасиев се споредува со палјачо што не може да му наштети на НАТО. Зборовите палјачо и кловн постојат и во албанскиот и во македонскиот јазик како синоними што означуваат засмејувачи во циркус. Оттука, нема дилема дека Дураку изрекол квалификација на сметка на пратеникот Апасиев, која потоа се обиде сам да ја демантира.

Во овој случај, потфрлиле медиумите кои очигледно не го провериле напишаното на Фејсбук статусот, а го пренесуваат демантот на Дураку за навредата кон Апасиев. Тоа е спротивно на медиумските стандарди, кои налагаат проверка на секоја информација пред нејзино објавување. За жал, некритичното пренесување на вакви тврдења па и навреди придонесуваат за деградација на јавната комуникација, која се повеќе се лишува од пристојноста и се претвора во еден вистински циркус.

—

ИСПРАВКА: Во овој прилог за г.Шефик Дураку од Алијанса за Албанците се вели дека е пратеник, што не е точно. Извршени се корекции во текстот на прилогот. Се извинуваме на читателите и г.Дураку за невниманието.

—

Автор и водител: Петрит Сарачини

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ