• Latest

Дали го знаеме јазикот на човечноста?

January 15, 2019
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Дали го знаеме јазикот на човечноста?

January 15, 2019 09:36
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Прекрасната Нина ја запознав во 2018-та! Нина е прекрасно тетовско девојче, професорка по македонски јазик, фармацевтски техничар, ќерка, сестра, пријателка, невработена…. ах да, сосема заборавив, лице со посебни потреби кое боледува од  Даунов синдром.

Мерсиха Смаиловиќ

Ја гледав на видеото на UNICEF, но имав прилика за прв пат да ја слушам на настанот „Јас згрешив“.  Додека таа говореше, размислував каде јас грешев до сега во однос на Нина и на сите други посебни луѓе кои биле околу мене на кои им требала рака на поддршка. Сум читала и слушала  за интегрцијата на децата со посебни потреби во образованието  и секогаш размислував во насока како ТИЕ ЛИЦА да се вклучат, но, додека ја слушав Нина, размислував како јас да се вклучам во нивниот живот? Дали јас сум доволно интегрирана за да и` бидам поддршка на Нина и на лицата кои имаат потреба од посебна нега и грижа?

Јас таа ноќ не можев да го започнам веќе подготовениот говор, додека на почеток не и` честитав јавно за истрајноста, додека не и` кажав дека и` се восхитувам на успехот што го постигнала и допрва ќе го постигнува. Не можев да започнам се додека не ја гушнав цврсто….

Ах….Нина, тетовското девојче кое ми го стопли срцето!

Би сакала сите да почнеме да се интегрираме во здраво општество кое ќе ја гушне Нина, ќе ја земе за рака и заедно со неа ќе водат битки во ова наше кревко и ранливо општество.

Инспирацијата за овој текст ја добив од пред некој ден, кога бев во игротека со моите ќерки. Замислено гледав како две момчиња скокаат на трамболината. Едното од нив кое имаше околу 8 години, му се доближии на 4 годишното момче и се обиде да го фати за рамето. Детето почна да вреска и за секунда во трамболината влезе неговиот татко, кој сакаше да му „покаже“ на 8 годишното дете како се дрзнува да го задева син му. Но, запре кога виде дека 8 годишното дете е дете со Даунов синдром. Тогаш гневот го пренасочи кон вработените во игротеката со кои сакаше и физички да се пресмета.  Среќа, разумните родители ги раздвоија…. да, да, во игротека се случуваше сето ова! Кога се расчисти гужвата, поминав покрај 8 годишното дете и неговата мајка, и за прв пат таа вечер видов дека тоа дете е прекрасно исплашено дете, посебно дете, кое има Даунов синдром. Се сетив на моето тетовско девојче, на мојата Нина, и почнав да разговарам со неговата мајка. И` објаснив дека гледав од страна што се случува и дека нејзиното прекрасно дете не го нападна другото детенце, единствено сакаше да го гушне. Кутрата жена, почна да ми објаснува како тој оди во училиште, како не е агресивен…. ах…. зошто побогу ми се правдаш? – помислив. Жената отиде на масата кај мајката на 4 годишното дете и таму се правдаше дека нејзиниот  син не е агресивен! Не можев веќе да издржам, станав и ја гушнав и гласно и реков, за да ме слушнат сите: Ве молам престанете да се правдате, туку ИЗВИНЕТЕ! Извинете што нашите деца немаат чувство за интеграција, извинете што сме себични родители кои уживаат со своите деца без да им говорат за разноликоста која не` опкружува. Извинете за нашата игнорантност!

На крајот добив силно гушкање од херојот во игротеката, 8 годишното посебно момче!

Драга Нина, ти благодарам за инспирацијата! Секогаш  и секаде ќе бидам твојот глас и гласот на децата кои имаат САМО вишок хромозом!

На крајот на денот, кога страстите се смирија, кога секој продолжи со играта, размислував кои сме ние  и во какви чудовишта се претвараме. Во целото лудило кое не` опкружува сфатив дека најбитен идентитет кој треба да го имаме е човечноста! Ако ја немаме човечноста и не го познаваме неговиот јазик, попусто е дали ќе бидеме Македонци, Албанци, Бошњаци, Турци, Роми, Срби и др…

[divide]

Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Илустрација: „Човечност“ – Рејмонд Нилунд

 

Share258Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ