• Latest
Добро утро со Орданоски

Дали изборната „чаша“ е половина празна или половина полна, зависи од тоа колку сте жеден

October 18, 2021

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Дали изборната „чаша“ е половина празна или половина полна, зависи од тоа колку сте жеден

Ако се суди според доцната вечерна постизборната атмосфера во двата централни изборни штаба – во оној на СДСМ потраорна, а во ВМРО-ДПМНЕ пославеничка – опозицијата и во конечното пребројување на гласовите ќе забележи подобри резултати од власта

October 18, 2021 07:07
in АНАЛИЗИ, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Иако за подетални анализи ќе треба да се почекаат дефинитивните резултати во наредниот ден-два, 5-6 часа по затворањето на гласачките места трендовите на тукушто одржаните локални избори во Македонија се чинат прилично јасни.

Изборите, генерално, се одржаа во демократска атмосфера – опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека гласањето било „со многу позитивна енергија“, власта дека сме имале „фер, слободни и демократски избори“ – и покрај разните „превентивни“ постизборни набројувања на случаи на наводен поткуп и притисок врз гласачи. На еден час по изборите, Оливер Спасовски соопшти дека на денот на гласањето биле пријавени само 91 изборни „настани“, без посериозни инциденти, што е многу помалку од некои минати изборни времиња. Добро изведените избори се важен тренд за стабилизирање на демократијата во Македонија.

Процентот на излезноста надмина 50%, што говори за прилична гласачка мотивација, со оглед на тоа што во официјалниот изборен список фигурираат неколку стотици илјади граѓани кои не се присутни во земјава, па реалната излезност на гласачите по општините е многу над половината запишани гласачи. И тоа е добар тренд.

Сепак, поради „драмата“ на фингерпринтите кои значително го успорија гласањето – што беше најавувано уште пред да се потрошат 11-те милиони евра за набавка на целиот систем, но беше услов испорачан од опозицијата воопшто да се согласи на избори –  не се знае колку гласачи, нервозни и уморни заради чекањето на изборните места, на крајот си заминале без да го дадат својот глас за некој од кандидатите.

Што велат резултатите, барем оние објавени околу полноќ?

Постои тренд на успех на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во многу општини, што е „студен туш“ за коалицијата на СДСМ, особено за градовите кои се сметаа за „сигурни“ добитни комбинации за „Најдоброто за мојата општина“, каков што е, на пример, Штип. Во Куманово, пак, се остварија најавите за жестока битка „во редовите“ на поддржувачите на „левите“ листи и кандидати, па вториот круг ќе бара значителна консолидација на тоа гласачко тело, без разлика кој кандидат (Оливер или Максо) конечно ќе го предводи „тикетот“.

И двете партии доцна синоќа/рано утрово брифираа за водства во различни, и помали и поголеми општини низ Македонија. СДСМ во вториот круг се надева на обединување на „раситнетите“ гласови по разни свои „национални“ коалициски партнери, што ќе ги доведе до конечна вкупна победа на овие избори. И самите признаваат дека голем број од нивните „традиционални гласачи“ останале дома, па не е јасно како за две недели ќе можат нив дополнително гласачки да ги мобилизираат. Факт е дека донесувањето на „слободата и демократијата“ во земјата, на која се повикува и за која е неспорно заслужен Заев, на овие избори не беа доволен мотив за поубедлив настап на неговата локална изборна коалиција.

На пример, доколку се потврди освојувањето на 12% од локалните советнички гласови за Левица, „ветерот во грбот“ на македонската десница силно им дува во едрата – и тоа има врска со разбирањето на „слободата и демократијата“ во земјава.

Сепак, ако се суди според доцната вечерна постизборната атмосфера во двата централни изборни штаба – во оној на СДСМ потраорна, а во ВМРО-ДПМНЕ пославеничка – опозицијата и во конечното пребројување на гласовите се надева да забележи подобри резултати од власта.

Со таквиот развој на случувањата и по официјализирањето на резултатите, позицијата на Христијан Мицкоски во партијата ќе стане неспорна и во пресрет на тамошниот изборен партиски конгрес. Предизборниот оптимизам на Заев, неостварен по првиот круг од гласањето, ќе ја доведе неговата партиска харизма во прашање, што ќе се одрази и врз вториот круг на гласање во многу општини каде ќе има финално прегласување. Таков е случајот и со Градот Скопје: победникот ќе се бара во вториот круг, сечие сегашно водство може да биде доведено во прашање.

Официјалната потврда на победата во првиот круг на потпретседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во Гостивар (а, патем, најверојатно и во Дебар), е болна гласачка порака за ДУИ, без разлика на нивното водство во другите „албански“ општини, бидејќи партијата на Али Ахмети фрли сѐ што имаше од својот партиски капацитет зад својот кандидат Невзат Бејта. Сепак, судејќи според сѐ, во албанскиот „камп“ ДУИ и понатаму останува да биде водечкиот фактор кај албанските етнички гласачи во државата, што ќе ја засили нивната позиција и во владејачката коалиција на национално ниво.

Според тоа, Македонија, локално, гласаше, а резултатите ја потврдуваат доминантната поделеност на граѓаните помеѓу левиот и десниот блок во државата, се чини, без значително политичко влијание на бројните независни кандидати на овие избори. За тоа, сепак, ќе треба да се причека и на пребројување на освоените гласови по советничките листи, бидејќи во многу од советничките состави по општините би требало да седнат претставници на помали партии или на оние независните.

„Веселата математика“ на толкувањето на половина празната или половина полната „чаша“ на изборните резултати ќе продолжи и во наредните денови. Впрочем, во многу места следува и втор круг на гласање, па навистина конечниот победник ќе се знае дури за две недели.

Но, како што сега стојат работите, ВМРО-ДПМНЕ е на добар пат уште позасилено да побара вонредни парламентарни избори идната година. Иако Мицкоски ноќеска не пропушти да му „врати“ на Заев дека и ново парламентарно мнозинство е прифатлива опција, без вонредни избори, за враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт.

Сепак, историјата, којашто вчера локално, изборно ни чукна на вратите, ќе треба да се (до)пишува најрано за две недели.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ