Пописот кој конечно се спроведува во земјава после 20 години е исто така предмет на бројни шпекулации и лажни вести. Тие се шират особено од политички структури кои влегоа во кампања за бојкотирање на пописот.
Таков е примерот на лидерот на „Левица“, Апасиев, кој на 20 септември на социјалните мрежи објави пост кој имаше над 1000 реакции и 128 споделувања, со тврдење дека над 200.000 Македонци одбиле да се попишат.
Уште еден интересен случај е поврзан со оваа партија, која повикува на бојкот на пописот. Имено, на социјалните мрежи се објавија имиња на попишувачи, кои според објавеното припаѓаат на политичката партија „Левица“.
Останува нејасно, кој и како ги изброја и попиша 200 илјади непопишани Македонци, и дали партијата Левица ги бојкотира – попишувачите на Левица?