• Latest

Даниела Рангелова говори за времето на режимот на Груевски, стопроцентната контрола што ја наметнува Мицкоски и маргинализацијата на жените (2 дел)

December 28, 2021
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Даниела Рангелова говори за времето на режимот на Груевски, стопроцентната контрола што ја наметнува Мицкоски и маргинализацијата на жените (2 дел)

„Ниеден политичар не треба да биде комфорен“ – вели Даниела Рангелова на крајот од вториот дел од интервјуто за ЦИВИЛ МЕДИА. Во вториот дел, Рангелова зборува за минатото на партијата, од времето на Груевски, за маргинализацијата на жените во партијата, како и за актуелните политички состојби

December 28, 2021 13:58
in ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЛИНК ДО ПРВИОТ ДЕЛ

ЦИВИЛ МЕДИА: Да се вратиме малку во минатото. Вие бевте, и сè уште Ве перципираат како една од лидерките на жените во нашата земја, во случајов, на Унијата на жените на ВМРО-ДПМНЕ. Во минатото покренавте повеќе иницијативи, во Парламентот бевте и гласна говорничка и застапничка на родовите прашања, за жал, не многу успешно, бидејќи живееме очигледно во едно маскулинистичко, машко општество. Во минатото бевте дел од номенклатурата која беше околу Груевски, чие владеење го нарекуваат „режим“ и ден денеска. Бевте повеќе пати со него на сцената, кажавте и дека имал и добри политики. Дали вашиот политички, колегијален, партиски однос, бил онаков како што изгледаше на политичката сцена? Или имаше малку повеќе од тоа, она што се вели „зад кулисите“, во смисла на идеолошки, програмски и други разидувања?

РАНГЕЛОВА: Проблемот на изминатото раководство беше само во тоа што можеби не се водеа транспарентно политиките. И кога знаевме да критикуваме, не излегувавме јавно да го кажеме тоа, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ има прилично цврста организациска структура, и сè што случува, ретко излегува во јавноста.

Во однос на тоа, дали било режим… Мислам дека многу малку – освен слободата на медиумите, сега навистина се погласни медиумите – мислам дека многу малку се сменија работите и во времето на СДСМ. Иако е нотирано во Извештајот на Европската комисија, дека новинарите говорат послободно, кога ќе го прочитате Извештајот, исто така е наведено дека, сепак, и медиумите зависат од тоа кој ги финансира. Тоа не е решено во државата и тие мораат да зборуваат сè она што е во интерес на актуелната власт. Тоа беше најголемиот проблем за што беше обвинувано раководството на Груевски, во кое што бев и јас.

Даниела Рангелова

Во однос на тоа какви политики сме имале со Груевски, можам да кажам дека сум знаела да станам и да критикувам, а за тоа не сум била масакрирана на социјалните мрежи. Луѓето не веруваат кога ќе им кажеме дека Груевски имал поголем демократски капацитет од Христијан Мицкоски. Бидејќи, еве јас можам јавно да кажам дека, кога требаше да имаме 40 отсто жени како кандидатки на советничките листи, дел од колегите од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, коишто не би ги именувала, не сакаа жени да ги бираат жените, туку во рамки на комитетите.

Јас побарав, а Груевски ми го дозволи тоа. И сега кога ќе направам една паралела, една споредба како сме се однесувале тогаш и како сега, јас извршните комитети на Унијата на жените ги формирав сама, без сугестии.

Груевски никогаш не ми рекол „постави ја оваа жена да биде дел од раководството“, за разлика од Христијан Мицкоски кој сака стопроцентно да ја владее партијата, и си дозволува да ви каже „овие и овие жени ќе бидат“.

Сега, кога беше изборот за советнички листи, го направија во општинските комитети, односно мажите. Дел од пратеничките кои беа погласни, кои не се согласуваа со некои политики, не се најдоа на листите, имаше многу малку членки на Унијата на жените на листите. Навистина се маргинализира работата на жените.

Можеби тогаш Груевски и не се занимавал со политиките што ги воделе жените, но најодговорно тврдам дека не се мешаше во тоа како ние ќе работиме во рамки на партијата. Христијан Мицкоски сака да ја контролира партијата. Тоа е карактер, не можам да му замерам во однос на тоа, но сепак мислам дека демократските капацитети, колку и да изгледаат поинаку однадвор, Мицкоски ги нема. Тој декларативно кажува дека ги поддржува жените.

Големо разочарување за мене е што јас очекував дека тоа што не чинеше во времето на Груевски да се подобри. Јас не можам да се изземам од таа одговорност, сум била дел од тоа раководство, но во статутот имавме квота, 30 отсто, сега во новиот статут нема квота, тргната е. Затоа го земав и овој статут, за да ви прочитам.

Во Член 16, има само една реченица за родовата димензија, вели: „ВМРО-ДПМНЕ води сметка за родовата димензија и обезбедува рамномерна застапеност на жените и мажите во органите и телата на партијата“. Толку.

ЦИВИЛ МЕДИА: Значи, сепак, има статутарна обврска…

Тоа е декларативна обврска – „ќе се води сметка“. Статутарна е кога има бројка и кога некој мора да се држи до бројката. Покрај сите органи во партијата, Конгресот е највисокиот орган. Ако водеа сметка на овој Конгрес, од 518 делегати, имаше само 110 жени, тоа е 21 процент, што е многу разочарувачки. Како да не сакаа да ги прашаат жените што мислат за тоа дали Христијан Мицкоски треба да биде лидер. Не знам кој е тој страв воопшто од жените во ВМРО-ДПМНЕ.

Жал ми е што многу жени се маргинализирани. Навистина квалитетни жени кои сега не функционираат и не се активни. Има една многу лоша пракса во партијата, членството се дели на старо и ново раководство. Мислејќи дека, ако ги тргнат луѓето, ќе стават еден нов кожув, и мислат, еве, сега ние сме политичка партија. Мислам дека не е до луѓето, туку до политиките. Да бев на местото на Христијан Мицкоски, ќе направев еден сублимат – што не чинеше во времето на Груевски, тоа што беше добро ќе го прифатев, а што беше лошо ќе го подобрев и ќе го сменев, а немаше да менувам луѓе.

Во партијата луѓето се модификуваат, ретко кој кажува гласно и има свои ставови. Мислам дека ќе му беше лесно да работи со цела структура, да нема стари и нови итн. Но сепак, секој лидер си има одговорност за своето владеење. Кога му го кажувам ова, тој се лути и ми вели дека е закана. И пак ќе кажам, тоа не е закана, туку тоа е еден вид отрезнување, бидејќи на крај, фактурата за своите дејства, еден ден ќе ја плаќа тој и раководството, но се надевам дека нема да биде на штета на партијата и на штета на државата.

Даниела Рангелова

ЦИВИЛ МЕДИА: Да одиме малку пошироко од политиките и односите во вашата партија. Како ќе ја прокоментирате актуелната политичка состојба во нашава земја? Имаме оставка од премиерот, кој се повлече и од лидерската позиција на партијата, имаме други предизвици, почнувајќи од пандемијата, завршувајќи со енергетската криза, и сите други предизвици помеѓу. Како ќе ја оцените Вие политичката состојба во нашата земја во моментов, и како мислите дека ќе се развива?

Рангелова: Во моментов, прво како граѓанка сум некако несигурна, бидејќи уште нема влада. Со оглед на тоа колку се случуваат различни работи на дневна основа, кој ќе ја понесе одговорноста ако се случи нешто? Ако ни тропа на врата една нова варијанта на Корона вирусот, таканаречен Омикрон, а гледам дека не се преземаат мерки… Можеби луѓето се навистина презаситени, и сакаат да го живеат животот и да одат на прослави… Како да отсуствува раководство. И не само за тоа. Енергетската криза – вчера го слушав Бислимовски како вели дека и како граѓани треба да бидеме солидарни, но за мене тоа е неодговорно. Ние да се солидаризираме за да ја решиме енергетската криза… Соседните држави подобро се справуваат.

Мислам дека новото раководство и новиот премиер ќе треба да направат сериозен зафат, сериозни реформи во енергетскиот сектор, исто и во здравствениот сектор. Навистина е тешко во ваква Ковид пандемија да зборуваме за тоа како се справувале претходно, а како сега, бидејќи оваа болест зема многу жртви. Мислам дека имаме проблем со капацитетите на здравствениот сектор, дека нема доволно вработени, и имаме сериозен проблем што многу здравствени работници ја напуштија државата. Луѓето не можат да си ги задоволат своите здравствени потреби. И тоа е она на што треба да се фокусираат.

И најважно, економијата. Навистина граѓаните лошо живеат. Мислам дека главното незадоволство е животниот стандард што се одрази на овие локални избори. Затоа граѓаните сакаа да го казнат СДСМ, бидејќи главниот фокус го стави на надворешната политика, многу малку  се занимаваше со внатрешната политика.

Во однос на образованието – јас поддржувам реформи, и мислам дека треба да има дигитализација, но не на тој начин, насилно. Еве, една од лошите политики на Груевски, кога сакаше насилно да го донесе Законот за високо образование, потоа се врати со големи протести на студентите.

Пак ќе кажам, треба да ги слушаме граѓаните, да ги слушаме младите. Ако престанеме да ги слушаме, излегуваме од траекторијата во која што се движиме, и почнуваме да лутаме.

Некои ја квалификуваат оставката на Заев како демократски, а некои како кукавички чин. Не се мешам во лични одлуки, бидејќи си знам како се чувствував кога си отидов од партијата. Можеби малку неблагодарност спрема СДСМ и граѓаните, бидејќи тие работеле, очекувале, и одеднаш, оставка после локални избори, кога не се очекува дека лидер треба да напушти партија… Но и Груевски ја напушти партијата после локални избори, но на различен начин.

Даниела Рангелова

За мене е во ред тоа што Заев сака да си оди од политиката, можеби е веќе уморен, и човек кога ќе се почувствува така, треба да ја знае границата до колку може, и никој не треба да му замери за тоа. Јас немаше да му замерам ниту на Христијан Мицкоски ако си отидеше. Јас и како граѓанка не можам да му замерам, но може да му замери членството, бидејќи Заев спрема нив имал некоја должност, и тие спрема него, работеле за избори итн.

Но, сепак, одлуката е индивидуална и е чин за кој не може некој од надвор да му суди. Ние можеме да кажеме дека можел да остане, но сепак, тој не ја остави СДСМ сама. Еве, веќе има нов претседател, и од она што се гледа, ја спакува владата и така замина. Сега новиот претседател и наскоро премиер има големи предизвици со кои ќе се соочи, и треба навистина да си ги засука ракавите и да почне да работи, бидејќи од него и од ова раководство ќе зависи дали ќе имаме парламентарни избори.

Кај граѓаните ми се допаѓа што веќе се политички зрели, тоа го покажуваат наназад неколку изборни циклуси, па дури и локалните избори за ВМРО-ДПМНЕ, претходно парламентарните, зборувам за 2017 година… Веќе зборуваме за политички зрели граѓани коишто знаат да кажат не, и коишто знаат да оценат дека нешто не чини, и да удрат еден таканаречен политички шамар, и да ги освестат политичарите дека тераат во погрешна насока.

Треба да ги слушаме граѓаните, и апелирам до  сите политичари, без разлика на која политичка партија ѝ припаѓаат, дека граѓаните се тие коишто го кажуваат последниот збор. И колку да им изгледа дека политиките што ги прават се океј, треба да се свртат назад и да видат што се случува. Ниеден политичар не треба да биде комфорен.

(продолжува)

Разговараше: Џабир Дерала
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Обработка на текст: Дијана Тахири
Фотографија: Горан Наумовски


Сите права се задржани.

Рангелова (1 ДЕЛ): Мицкоски го избраа негови блиски луѓе, во партиите владее клиентелизам, институциите не реагираат на говорот на омразата

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    238 shares
    Share 95 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    165 shares
    Share 66 Tweet 41
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ