• Latest

Даути: Членството на Македонија во ЕУ ќе продонесе за стабилноста на Европа

July 9, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Даути: Членството на Македонија во ЕУ ќе продонесе за стабилноста на Европа

July 9, 2018 10:58
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Нашата партија се залага за членство во ЕУ и НАТО. Свесни сме дека процесот на евро интеграциите добро се одвива и убеден сум дека овој процес ќе донесе добри резултати за сите граѓани  во Македонија. Затоа мораме да ги почитуваме критериумите од Мастрихт и Копенхаген што значи дека мора да внимаваме во однос на политичките и економските критериуми коишто се однесуваат на членството на ЕУ“, изјави Бардиљ Даути, министер без ресор од ДПА на конференцијата Македонски перспективи: Како до Европа?, во организација на ЦИВИЛ и МЦМС.

„Процесот на реформи што го презеде оваа Влада за подобрување на индикаторите како што се владеење на правото, ефективност во управувањето, борба против корупција, како и подобрување на услугите од јавните органи, квалитетот на живот, мислам дека ќе имаме значителен и позитивен ефект и дека ќе ги зајакнат домашните институции што, пак, ќе има позитивен ефект во привлекување на странски инвестиции.

Сметам дека решавањето на овој спор за името со Грција  ќе придонесе да се донесат странски директни инвеститори што ќе сакаат да го вложат својот капитал во земјата што ќе биде позитивна промена во животот на граѓаните во Македонија“, изјави Даути.

„Знаете дека имаме територијални закани од истокот, од Русија, имаме културолошки промени што доаѓаат од југоистокот на Турција и други земји, имаме и други закани, како на пример, миграциските кои доаѓаат од арапските земји и ако Македонија не е интегрирана што е можно поскоро тогаш внатрешната политичка организираност на Европа ќе биде под ризик. За да имаме посилни и побезбедни  политички граници на Европа клучно е оваа земја да се интегрира затоа што на тој начин Европа ќе биде побезбедна и ќе се избегнат сите потенцијални трошоци што би можеле да произлезат преку културлошките проширувања што доаѓаат од исток“, истакна Даути во контекст на важноста на Македонија да биде дел од ЕУ, како земја што може да придонесе кон стабилноста на Европа, со оглед дека е врска меѓу Истокот и Западот.

Конференцијата е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка на Федералното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бардиљ ДаутиЕУконференцијаМакедонијаМЦМС;Цивил
Share37Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result