Горан Ризаов од Фондација Метаморфозис, Кочо Андоновски, ЛГБТИ Центар при Хелсиншки комитет, Павле Богоевски од Прогрес институт, Милан Спировски од ЗНМ, Марина Шкрабало и Иван Блажевиќ од Солидарна, Република Хрватска се најавените учесници на денешната панел дискусија на ЦИВИЛ „Црната пропаганда против граѓанското општество“ што ќе се одржи во хотел Парк Резиденс & Спа (зад фудбалскиот стадион) со почеток во 12 часот.
Кој и зошто организира и спроведува црни кампањи против невладините организации? Кои се мотивите, а кои се последиците од нападите против невладините организации? Тоа се главните прашања за кои ќе се дискутира на јавниот настан на ЦИВИЛ.
Настанот ќе биде емитуван во живо на Фејсбук страницата и на видео каналот на ЦИВИЛ, а ќе се одржи без публика. Редакциите се добредојдени на настанот или да го преземат видео линкот од преносот во живо.
ЦИВИЛ