• Latest

Дечев: Здравата околина е предуслов за здраво општество

November 20, 2020

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Дечев: Здравата околина е предуслов за здраво општество

November 20, 2020 12:50
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Стевче Дечев, Фондација Импакт Нет на конференцијата „Зелените доаѓаат 2020“ во организација на ЦИВИЛ: Зелени вредности, социјална правда и антинационализам, која се одржа во хотел Парк Резиденс, во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел, на (20.11.2020).

„На европска конференција што ја организиравме во Скопје пред некоја година гостин учесник ни беше Принцот Филип Кирил, правнук на последниот германски Крал Вилхелм Втори. И токму со негова изјава сакам да го започнам денешното мое обраќање. Имено тој рече: Барам прошка од сите вас, тоа што мојот пра дедо и неговата кралска свита не превзедоа доволно мерки за да не се случат Првата Светска Војна, доаѓањето на Хитлер, а потоа и Втората Светска Војна.

Германскиот национален социјализам бил формиран под влијание на Ниче, а во реализација на Хитлер, кој планирал да создаде нова религија во која расата и крвта ќе бидат од најголема вредност. Тоа создаде светска војна и уништување на милиони луѓе преку ѕверства без преседан во човековата историја; Отфрлајќи ги традиционалниот систем на вредности придвижен од екстремна нерационалност и животинска омраза која предизвикала неописливи страдања.

Во друга основа, национализмот збогатен со идеолошка рамка му дал задача на светскиот пролетеријат изградба на општество без класи и воспоставување на диктатура на пролетаријатот, со желба за изградба на бездржавна структура во светски рамки, наречена комунизам.

Наспроти овие две основи се појавила Универзалната декларација за човековите права како реакција на варварските дела што ја полнат совеста на човештвото со огорченост.

На Балканот, но и во други региони, будењето на националната свест кај луѓето помогнала за ослободување од ропство. Но подоцна тој национализам од ослободувачка сила преминал кон поттик за поделба и омраза, сите против сите други и тој постанал нож со двојна острица. Различни групи се обидоа да ги користат националните и религиозните чуства за да ги постигнат своите политички цели, со тоа создавајќи голема омраза, конфузија и страдање.

Наспроти ова, одговор може да најдеме во Христијанската мисла: да се сака сопствената нација не значи да се мрази или исклучат другите.

Во поново време се појавуваат насекаде пропагатори кои сакаат да ги воскреснат тие злосторнички идеологии или да ги надградат со акти на тероризам во различен облик или во поблага и завиткана форма како бомбонче да влезат во одреден парламент како политичка партија и да сеат омраза и нетолеранција. Затоа на луѓето во целиот свет им требаат нашите размислувања и предлози за изградба на траен мир и длабока соработка меѓу религиите, меѓу нациите за да се зачува единството на човечкиот род и еднаквите права за сите луѓе.

Затоа мора да констатираме, дека само преку дијалог, темелен врз целосно меѓусебно почитување и почитување на различностите и вредностите на другите може да се сочува мирот, да се реализираат заедничките задачи и да се следат највисоките идеали на современиот свет.

Зачувувањето на традициите и националните, фолклорните, филозофските, етичките, книжевните и други светости е одлика за патриот, но кога сето тоа постанува во уверување дека е супериорно во се друго, кое што наводно не чини, станува опасно и доведува до радикални форми на национализам.

Националистот по дефиниција е игнорант. тој ги знае, или мисли дека ги знае, своите вредности, своите национални или вредностите на нацијата на која и’ припаѓа, а за останатите не се интересира. За него, другите се пекол.

Националистот не ги познава другите култури (не го засегаат). Значи, национализмот е негативитет. Национализмот е негативна категорија на духот бидејќи тој живее на негирањето и од негирањето. Тој го има ставот дека е позитивниот пол, а сите други се негативниот. Национализмот е назадување. Националистичката парадигма ги контаминира сите останати подрачја на политичката сфера, со што создава своевиден монопол врз политичкиот живот, а со тоа и проблеми со економска, културна и политичка природа.

Наспроти национализмот се меѓукултурниот и интеркултурниот дијалог кои го надминуваат тој етноцентричен егоизам со цел да се искаже и воспостави почит кон различноста.

Наспроти национализмот се дијалогот и склучувањето односи.

Наспроти национализмот се заедничките политики за подобар квалитет на живеење на сите, не само на одредени. Таков вид на политики се ЗЕЛЕНИТЕ ПОЛИТИКИ и ЗЕЛЕНИТЕ ВРЕДНОСТИ, зелената мисла, зелените мерки кои се обединувачки кон поквалитетен живот.

Нов фокус на зелените вредности и заложби е ЕВРОПСКИОТ ЗЕЛЕН ДОГОВОР. Од ургентен предизвик до единствена можност. Тој ја реставрира заложбата за справување со климатските предизвици и предизвиците поврзани со животната средина, што е задача на оваа генерација. Европскиот зелен договор е одговор на низа предизвици. Тоа е нова стратегија за раст, која има за цел да ја претвори ЕУ во фер и просперитетно општество, со модерна, ефикасна и конкурентна економија каде што во 2050 година нема да има емисии на стакленички гасови и каде економскиот раст е независен од употребата на ресурси.

Тој, исто така има за цел да го заштити, конзервира и зајакне природниот капитал на ЕУ и да го заштити здравјето и благосостојбата на граѓаните од ризици и влијанија поврзани со животната средина.

Посилна социјална правда и јавно здравје, посилна Европа!

Пандемијата COVID-19 сериозно ги тестираше границите на европската кохезија. Во време на оваа криза, земјите-членки реагираа со затворање на границите и стопирање на снабдувањето, наместо да ги координираат и споделуваат ресурсите. За сите нас надвор од ЕУ и за самата ЕУ, функционалноста и прилагодливоста ќе значи ставање на потребите на пациентите во центарот на јавното здравство и признавање дека човековото здравје, социјалната правда и животната средина се неразделно поврзани.

Од се ова може да кажеме дека основната идеја е дека здравата околина е предуслов за здраво општество и дека градењето здраво општество не е возможно без висока социјална политика и тоа не е средство за продолжување на нашите работни животи, туку цел сама по себе“, истакна Дечев.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ