• Latest

Дел од рудникот „Суводол“ би прераснал во современа регионална депонија

August 30, 2021

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Дел од рудникот „Суводол“ би прераснал во современа регионална депонија

August 30, 2021 13:14
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Новата современа регионална депонија за Пелагонискиот и Југозападниот плански регион би се градела на еден дел од досегашниот рудник за јаглен „Суводол“ на РЕК „Битола“, Со ваков план, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖССП) сака да го реши проблемот со нестандардните општински депонии во овие два региони, кои се извор на негодувања на граѓаните, критики на УНЕСКО и на еколошките организации поради досегашните палења на отпадот, загадувањето на водите и нивната севкупна опасност по животната средина.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање за „Мета.мк“ велат дека во моментов се изработува Студијата за оцена на влијание врз животната средина и истата треба да биде доставена до Министерството, за да во октомври годинава биде издадено решението.

Рудник Суводол

„После тоа ќе следат јавни расправи, согласно Законот за животна средина, па потоа ќе се изработи финална верзија на Студијата која ќе се достави до МЖСПП“, информираат од ова министерство.

Со изградбата на регионалната депонија на местото на дел од рудникот „Суводол“, во иднина треба да се затворат постојната охридска депонија „Буково“, струшката депонија, како и сите останати општински локации за одлагање на отпадот кои до денешен ден предизвикуваат проблеми и негодувања кај населението и еколозите.

„Финансиските средства за воспоставување на овој систем за управување со отпадот ќе бидат обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Во тек е одобрување на финалните документи од страна на банката, и се очекува процесот за реализација и на овој дел од проектот да започне кон крајот на 2022 година“, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Инаку, локацијата на идната регионална депонија е во еден дел од рудникот за лигнит „Суводол“, каде рударските активности се запрени долг период наназад. Локацијата е рангирана како најсоодветно место за изградба и работа во двата региона, и се наоѓа на територијата на Општина Новаци, на 2,4 километри оддалеченост од селото Мегленци. Годишно на оваа депонија би се одлагале 37.522 тони отпад од двата плански региона, додека реализацијата на проектот предвидува исполнување на европските стандарди – собирање на исцедокот за да се спречи загадување на водите, како и изведба на подлога на депонијата од геолошка бариера, геомембрана, геотекстил и слој за дренажа.

Покрај тоа што ќе биде оградена, идната регионална депонија ќе има горилник за депонискиот гас, зона за заштита од пожар, пречистителна станица за отпадни води и простор за складирање на рециклабилни материјали.

Покрај ова, со регионалниот систем за управување со отпад во Југозападниот и Пелагонискиот регион е предвидено да се изградат претоварни станици за отпад во Охрид, Дебар, Струга, Кичево, Прилеп и Битола.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ