Следната недела делегација од членови на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која ќе го претставува Комитетот за правни прашања и човекови права, ќе ја посети Украина, пренесува Укринформ.
„Во вторник, кај нас доаѓа делегација од 14 луѓе, членови на Комитетот за правни прашања и човекови права на Советот на Европа кои ги претставуваат различните земји“, изјави за Укринформ Марија Мезенцева, шеф на делегацијата на Украина во ПССЕ.
Како што е наведено, посетата ќе се одржи во рамките на стратегијата на Украина за собирање докази за воените злосторства на Русија.
„Значи, ние не го успоруваме темпото на нашата соработка“, додаде шефицата на делегацијата на Украина во ПССЕ.
Таа, исто така, истакна дека европските пратеници ќе се запознаат со фактите за воените злосторства и ќе се сретнат со преживеаните и претставниците на обвинителството и колегите од Врховната Рада.
Подготви: Д.Мишев