Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на младите. Оваа година посебно внимание се посветува на одредени културни и правни прашања и предизвици со кои се соочуваат младите ширум светот.
ЦИВИЛ низ својата дводецениска работа и активизам постојано се залага за подобрување на општествената состојба со младите, ги поддржува младите во нивната борба за остварувања на нивните права и интереси од секој аспект.
Во својата долгогодишна работа, ЦИВИЛ како организација за човекови права и слободи постојано работи со младите, ги застапува и ги охрабрува да бидат достоинствени и прогресивни.
Младите се изворот и силата на напредокот на светот, а на Северна Македонија ѝ е потребна енергијата и ентузијазмот на младите во апсолутно секој сегмент на општествениот и политичкиот развој на земјата.
На младите мора да им се овозможи, по секоја цена, да си ги остварат своите права и слободи, да имаат квалитетно образование, богат и креативен културен живот, здравство и можности за вработување и напредување.
Институциите на државата и локалната самоуправа и политичките партии имаат обврска да ги заштитат младите од политичките злоупотреби, црната пропаганда и дискриминацијата.
ЦИВИЛ им го честита Денот на младите, со порака дека е секогаш со и за младите, во секоја нивна битка!
ЦИВИЛ Тим за комуникации