Владата соопшти дека денеска во 14 часот на скопскиот аеродром, со организиран превоз, ќе пристигнат 180 патници од Венеција, Италија.
Оттаму велат дека е организиран превоз и дека ќе поминат 21 ден во државен карантин во хотел „Дрим“ во Струга, одлука која се однесува на прифаќањето на патниците што доаѓаат од високо ризична земја според листата на Светската здравствена организација.
„Секој македонски граѓанин, кој се враќа во нашата земја со превозот организиран од Владата, има обврска самостојно да го плати авионскиот лет и за веќе утврдената процедура запознаени се сите патници. Сместувањето во државен карантин е во строго контролирани и безбедни услови, без никаков финансиски надомест.“, стои во соопштението.