• Latest
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026 16:09
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Share on FacebookShare on Twitter

На 1.679-от ден од целосната руска инвазија врз Украина, руските напади продолжија и во текот на ноќта меѓу 28 и 29 септември, со удари врз Кијив, Одеса и повеќе украински региони. Украинските власти јавија за напади со балистички ракети и беспилотни летала, оштетени станбени згради, образовни објекти, железничка и енергетска инфраструктура, како и нови прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, во објава на платформата X предупреди дека украинските градови и општини практично непрекинато ги отстрануваат последиците од руските напади.

„Практично непрекинато траат активностите за отстранување на последиците од руските напади во градовите во 🇺🇦 и општините. Државата-терорист рф и дење и ноќе напаѓа луѓе, станбени згради, болници и образовни установи – нападите намерно се насочени кон исклучиво цивилни објекти“, објави Дир.

Практично непрекинато траат активностите за отстранување на последиците од руските напади во градовите во 🇺🇦 и општините. Државата-терорист рф и дење и ноќе напаѓа луѓе, станбени згради, болници и образовни установи – нападите намерно се насочени кон исклучиво цивилни објекти. pic.twitter.com/YaH4SXPtx5

— Larysa Dir (@dir_larysa) September 29, 2026

Во Кијив, рускиот агресор изврши напад со балистички ракети и дронови. Според украинската Државна служба за вонредни состојби, едно лице е повредено во Холосијивскиот реон, каде шесткатна станбена зграда била погодена, а десет жители биле евакуирани. Во Соломјанскиот реон биле оштетени две куќи, додека претходно градските власти јавија и за погоден објект на образовна установа и пожар на покрив на станбена зграда.

Претседателот Володимир Зеленски соопшти дека агресорот ги погодил депото на железничката станица Кијив-Пасажирски, дата-центри, деловни центри и станбени згради. Во Одеската област биле оштетени образовна установа, студентски дом и два странски трговски брода. Под напад биле и Кијивската, Днипропетровската, Харкивската, Сумската, Донецката, Запоришката, Житомирската, Волинската и Ривненската област, каде биле погодени енергетски објекти, трафостаници, цивилни претпријатија и домови.

Последиците од нападите врз енергетскиот сектор се почувствуваа во пет области. Украинското Министерство за енергетика соопшти дека дел од потрошувачите во Виничката, Житомирската, Донецката, Сумската и Харкивската област останале без електрична енергија поради руските напади врз енергетската инфраструктура. Во исто време, руските сили погодиле и железнички инфраструктурен објект во Виничката област, при што повеќе од 15.000 потрошувачи останале без струја.

Зеленски изјави дека Украина успеала да пресретне дел од руските балистички ракети со кои беше нападнат Кијив и им се заблагодари на американските и норвешките партнери за системот NASAMS и пакетот ракети, како и на Франција и Германија за новата поддршка за противвоздушна одбрана. Тој нагласи дека, во услови на секојдневна руска ескалација, „заштитата на животот“ мора да добива континуирана поддршка.

Новите напади се надоврзуваат на ударите од 28 септември, кога руски дрон ја погоди зградата на Националната академија на науките во центарот на Кијив, а во целата земја, според Reuters, загинале најмалку девет лица и биле повредени повеќе од 80. Во Днипро, удар врз деловен центар уби три лица и повреди 19.

Џ. Дерала

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ