ТЕМА НА ДЕНОТ
Срѓан Керим фатен во орото со Орце Камчев
„Заедно со Орце Камчев, како што посочува и порталот „Правосудство“, Срѓан Керим од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) е осомничен за сторена „Злоупотреба на службена положба и овластување“, согласно член 353 од Кривичниот законик, за „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 став 3 од КЗ и за „Намерно предизвикување на стечај“!
Како резултат на наведените кривични дела на сопственичко-директорското трио: Орце Камчев, Срѓан Керим и Јана Станисављева згаснатите дневните весници „Утрински весник“, „Вест“ и „Дневник“ и неделникот „Теа Модерна“, а без работа останаа неколкуте стотици новинари и техничкиот персонал вработените во „Медиа Принт Македонија“, и печатницата „Графички центар Скопје (ГЦС), во сопственост на МПМ.
По завршувањето на истрагата, поднесувањето на обвинение за Срѓан Керим, но и за Јордан (Орце) Камчев и за Јана Станисављева требаше да се случи најдоцна до крајот месец мај 2022. Истото, до ден денешен, 3 август 2023 година, не излезе на виделина пред јавноста…“, се наведува меѓу другото во обемната анализа од Драган Мишев.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Бектеши: Владата не е вклучена во преговорите на жителите на Слупчане и ЕВН, немаме информации што е договорено
Министерот за економија Крешник Бектеши попладнево ги демантираше обвинувањата од опозицијата дека претставници на Владата биле вклучени во преговорите меѓу жителите на Слупчане и „ЕВН“.
„Конкретни информации за тоа што е договорено меѓу жителите на Слупчане и ЕВН, како Министерство немаме. Но, би ги замолил политичките партии и медиумите да не даваме лажни информации дека одредени места крадат или злоупотребуваат електрична енергија, туку да ја нагласaт потребата за намалување на загубите на електрична енергија бидејќи тоа е во интерес на државата“, изјави Бектеши.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Со морски дронови нападната руската поморска база во Новоросијск, најверојатно е погоден воениот брод „Оленогорски Горњак“
Руското Министерство за одбрана соопшти дека вооружените сили на Украина ноќта на 4 август ја нападнале поморската база Новоросијск со два чамци без екипаж, притоа молчејќи за можно оштетување на руски воен брод, се вели во соопштението на руската војска на Телеграм.
Руската пропаганда со фотомонтажа од Вагнеровци во близина на полската граница ја плаши Европа со „втор фронт“
Руските телеграм канали управувани од воени дописници на Z и поврзани со терористите на ПМЦ Вагнер, шират фотомонтажа од маж во воена униформа со руско знаме и амблемот на платениците на Евгени Пригожин кој прави селфи во близина на граничниот пункт на Република Полска.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ДКСК Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска, во рамки на 90. седница, ја избра Софка Пејовска Дојчиновска за нов заменик-претседател. На седницата, антикорупциска одлучи да ја запре постапката за ДУП Општина Карпош бидејќи утврдила состојби кои укажуваат на сомнежи за несовесно работење, искористување на службената положба и поткуп.
СКРИНИНГ За Северна Македонија од страна на Европската комисија веќе е објавен и доставен нацрт скрининг Извештајот за Кластер 1, „Фундаментални вредности“.
ИНСПЕКЦИИ По пријави од граѓани за зголемена бучава од гласна музика од угостителските објекти на територија на Општина Центар, Секторот за Инспекциски работи, во текот на минатата недела, организираше акција за мерење на бучава со овластена лабораторија за животна средина „Еуромак контрол“ Скопје, во раните утрински часови.
ИПАРД ГРАНТОВИ Вкупно 8,8 милиони евра ќе изнесува финансиската поддршка на последниот ИПАРД 2 повик што ќе биде објавен денеска. Крајниот рок за поднесување на барањата е 18 септември 2023 година.
ПОДДРШКА “Подаваме рака на пријателска Словенија. Подготвени сме да помогнеме во справувањето со последиците од ова невреме и да покажеме дека вистински пријатели се познаваат во тешки моменти, напиша денеска на својот Фејсбук профил министерката за одбрана Славјанка Петровска.“
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор од албанските медиуми во регионот: Започна редуцирањето на 25 отсто полициско присуство на северот на Косово; СПАК и забрани влез во земјата на муџахединската лидерка Раџави; пристаништето во Драч во концесиски вител.
ДЕЗИНФОРМАЦИИ
ВМРО-ДПМНЕ манипулира дека Фрчкоски не ги дава парите од продажбата на апартманот на Тито во Њујорк
Министерството за надворешни работи (МНР) реагира на, како што велат, паушалните и без основа обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ, последни од серијата манипулации создадени во фабриката за лаги на ВМРО-ДПМНЕ чија работа сѐ повеќе се засилува, во врска со тврдењата на Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека наводно амбасадорот Љубомир Фрчкоски и покрај неколкуте инструкции од МНР, не ги префрла парите од продажбата на апартманот на Тито на Парк авенија во Њујорк, и ги држи на сметката од мисијата.
ГОВОР НА ОМРАЗА
Општ молк по провокациите и говорот на омраза кон македонскиот народ од навивачите на Левски
Навивачите на бугарскиот фудбалски клуб Левски на мечот против македонскиот клуб Шкупи во Софија, истакнаа огромен број навредливи пароли за македонскиот народ и празникот Илинден во второто квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига. Навивачите на Левски најпрво истакнаа транспарент дека за нив „Илинденското востание е Велигден“ за потоа да цитираат мисла на Тодор Александров дека „Ако некој ми каже дека не сум Македонец ќе му го отсечам јазикот, а ако ми каже дека не сум Бугар – главата“.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Кога е ден, се кријат од светлината да не бидат забележани, се камуфлираат и чекаат да падне мракот, за да се прехранат. Тоа се шакалите. Овој текст не е посветен на шакалите во природата. Ги употребив како метафора за шакалите во општеството. Но мислам дека тоа е повеќе од јасно.“, пишува Џабир Дерала во колумната „Тоа се шакалите“.
„Друг ли треба да ни отвoра очи дека црнолисните цвеќки се нелојални на Македонија, нема што допрва да гледаме кои се конкретно, нелојалноста им е дефинирачка! Таа нелојалност далеку отишла, има вовче од следства од намерите на Русија, па до нас, via дејствата на твојот Камчев, на твоето ВМРО-ДПМНЕ, на твојата чудна Левица, со цел војната да се прошири и на Балканот. Тоа не е патриотизам, не е ни национализам, дури и трибализмот е веќе проблем ако си толку неинтелигентен.“, пишува Емилија Целакоска во колумната „Ниеден националист како македонскиот“.
Д. Тахири