ВЕСТ НА ДЕНОТ
Ханиф Зендели избран за нов заменик претседател на Судски Совет
Ханиф Зендели е избран за нов заменик претседател на Судскиот Совет. По предлог на членот Ивица Николовски, на денешната 444-та седница на Судскиот совет, со девет гласа „за“ и еден „против“, Зендели беше избран за нов заменик претседател на местото од Селим Адеми.
На денешната седница, Судскиот совет констатираше и престанок на мандатот на членовите Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски по нивните поднесени оставки.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Денеска опозицијата некако ретерира од ставот дека е за уставните измени за разлика од вчера. Ние сме подготвени уште веднаш да се формираат работни групи и тимови како да се имплементира оваа идеја“, кажа Маричиќ на настанот „Аудиториум“, во организација на Институтот Бирц, на УЈИЕ во Тетово.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ДИПЛОМАТИЈА Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи денеска ќе учествува на министерскиот состанок на Глобалната коалиција против ДАЕШ/ИСИС во Ријад, Саудиска Арабија.
МОН Mинистерот за образование и наука Јетон Шаќири и амбасадорот Килијан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска доделија грантови за реализација на заеднички наставни и воннаставни активности на децата со различно етничко потекло и наставни јазици на територијата на Република Северна Македонија. Грантови добија училишта кои аплицираа и се одбрани преку повикот за оваа намена во рамки на проектот „Градиме нови мостови“, соопшти МОН.
САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе Правила за сајбер-безбедност со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето и да се намалат ризиците од нарушување на континуирано снабдување со електрична енергија, информираат од регулаторното тело.
ПОЛИТИКА Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, утре попладне свикал итни седници на Извршниот и на Централниот одбор на партијата, брифираат партиски извори.
БОРБА ПРОТИВ УКРАИНА
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети регионот Херсон, кој беше погоден од поплави по уништувањето на браната.
„Работно патување во регионот Херсон. Координациски состанок за елиминирање на последиците од експлозијата на браната на хидроелектраната Каховка. Се разговараше за многу важни прашања. Оперативната состојба во регионот, последиците од катастрофата, евакуација на населението од подрачја на потенцијални поплави, отстранување на вонредната состојба предизвикана од експлозијата на браната, организирање одржување на животот во поплавените подрачја“, соопшти Зеленски.
АЛ-ПРЕС
По тензиите на северот на Косово, меѓународната заедница, односно САД и ЕУ му дадоа рок до петок на Курти, да се придржи до преземените обврски претходно. Поранешниот пратеник на Соединетите Американски Држави во преговорите Косово-Србија, Ричард Гренел порача дека Последиците би можеле да бидат многу сериозни ако Курти и каже „не“ на меѓународната.
Косовски аналитичари велат дека можно е косовската опозиција да предложи недоверба на владата на Курти, по средбите со западни дипломати.
Ова се само дел од темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-ПРЕС.
МУЛТИКУЛТУРА
Зенку: Национализмот не е само општествен проблем туку и семеен
Смилковска: Спортот не треба да се злоупотребува за партиски или други цели
СЛОБОДНА ЗОНА
Се до моментот кога ќе пресече ДУИ, и потоа сите во костозглобна за кичмите!“, пишува Дијана Тахири во колумната „ДУИ „ги среди кичмите“ на Мицкоски“.
*
„Агит-пропот на Мицкоски сè уште работи под брутална индоктринација на целната група, а конкретна целна група е нивното гласачко тело кое е субординирано, а суштинската порака е следна: „Сè пропаѓа ако Мицкоски изгуби“. Вистината е сосема спротивна, ама тие кои ја знаат не си веруваат ни себе ни на сопствената глава.
И ете ни го сега Христијан М. во влада, ако и за тоа не лаже, сопственик на министерства и општини, а богами и сопственик на многу медиуми во земјата, брат на „мнозинскиот“ дел на гласачи во Македонија. Што е Мицкоски денес од позиција на опозиционер? Па, практично е сè“, пишува Ненад Јовановиќ во колумната „Слеп „опозиционер“ со следбеници направени од несолиден материјал“.
Д. Муратов