Во областа Харкив, украинските сили веќе ослободија 568 населени места од руските окупатори, изјави заменик-шефот на Кабинетот на претседателот на Украина Кирило Тимошенко на брифинг, јавува дописникот на Укринформ.
Според Тимошенко, во регионот Харкив биле формирани 21 воена управа со цел навремено решавање на прашањата и донесување одлуки.
Во деокупираните населби, каде што услугите за снабдување со електрична енергија се уште не се обновени, се создаваат резерви на опрема и гориво и се купуваат индивидуални уреди за греење за локалните жители.
„Општо земено, услугите за напојување се обновени за повеќе од 80.000 потрошувачи. Услугите за снабдување со гас беа обновени за повеќе од 22.000 потрошувачи во деокупираните области на регионот Харкив“, рече Тимошенко, додавајќи дека поправките продолжуваат.
Од 21 октомври 2022 година, вкупно 551 населено место беа деокупирани во регионот Харкив и 88 во регионот Херсон.
Подготви: Д. Мишев