„Мојот живот е исполнет со убавините на мешањето меѓу луѓето со најразлични потекла. И цел живот учам нешто ново, секој ден. Учам како да се ставам во чевлите на другиот, со поинакво потекло, со поинаква култура, навики и обичаи“, истакна Џабир Дерала во Иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“.
„Учам како да ја разберам маката на другиот, за да помогнам, учам како да ја разберам и среќата на другиот, за да се придружам кон таа среќа.
Тоа се луѓе кои имаат различни обичаи и култури, говорат различно, доаѓаат од различни места низ историјата, за да се спојат во една убава и богат заедница. Во таа заедница секој од секого може да научи, да добие и да даде по нешто.
Човек што знае, дознава и учи за другите луѓе, заедници и култури е слободен човек. Таков човек има повеќе можности да ги надмине предизвиците, да постигне успех, да се задржи на висините на човечноста“, истакна Дерала.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Араиан Мехмети