• Latest
Џабир Дерала, ЦИВИЛ, на конференцијата „Перспективи 2022“ на тема „Едно општество за сите - сегашност и перспективи“, 15 декември 2021 (фото: Д. Муратов / ЦИВИЛ)

Дерала: Едно општество за сите – политичка волја на врвот, национализам и опструкции во институциите

December 19, 2021

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Дерала: Едно општество за сите – политичка волја на врвот, национализам и опструкции во институциите

December 19, 2021 18:23
in АНАЛИЗИ, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Џабир Дерала, ЦИВИЛ, на конференцијата „Перспективи 2022“ на тема „Едно општество за сите - сегашност и перспективи“, 15 декември 2021 (фото: Д. Муратов / ЦИВИЛ)

Џабир Дерала, ЦИВИЛ, на конференцијата „Перспективи 2022“ на тема „Едно општество за сите - сегашност и перспективи“, 15 декември 2021 (фото: Д. Муратов / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, беше еден од говорниците на конференцијата „Перспективи 2022“ на тема „Едно општество за сите – сегашност и перспективи“ што се одржа на 15 декември 2021.

„Првата констатација што сакам да ја споделам денеска е дека Стратегијата Едно општество за сите е прва стратегија од овој вид која не е наметната однадвор, туку е израз на политичката волја на креаторите на политиките и практиките и носители на одлуките на највисоко ниво“ – рече Џабир Дерала на почетокот на неговото излагање.

„За жал, Стратегијата беше и остана една од главните мети на црната пропаганда и различни облици на хибридните закани против македонската демократија и прогрес. Стратегијата во голем дел, остана затворена во помали кругови отколку што тоа би требало да биде случај“ – констатира Дерала.

Стратегијата се темели на седум столбови и е солидна основа која овозможува извонредно широко поле на дејствување на буквално сите општествени и политички ентитети, групи, иницијативи и поединци. Таа се темели на 178 меѓународни документи, на Уставот и на низа соодветни закони на национално ниво.

Меѓу многуте меѓународни документи што се наведуваат како основа на Стратегијата се и итните препораки на Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа. Да наведеме две од нив:

  • Со решителност да се преземаат сите неопходни мерки во насока на продолжување на градење интегрирано општество кое е цврсто втемелено врз владеењето на правото, заштитата на човековите права, вклучувајќи ги и правата на малцинствата, како и врз почитувањето на различностите, но и да избегнуваат заемно исклучива етно-националистичка политика која води кон натамошно образување паралелни општества.
  • Да се спроведуваат мерки за враќање на довербата во јавните институции и активно да се воздржуваат од говор на омраза врз политичка и етничка основа; да овозможат сите случаи на изречен говор на омраза и злосторства од омраза веднаш да бидат осудени, делотворно истражени и казнети.

„Не е потребно многу да се трага и истражува, туку од самото читање на препораките може да се извлече непријатниот заклучок дека сѐ уште сме далеку од спроведување на Стратегијата во низа исклучително важни сегменти на функционирањето на институциите, во прв ред – образованието, културата и медиумите, како и низа други сектори“ – рече Дерала.

За да ги илустрира овие наоди, Дерала се послужи со анализа на ризиците согледани во Акцискиот план објавен на веб страната на Владата во секцијата Национални стратегии во октомври, 2020 година:

Џабир Дерала, ЦИВИЛ, на конференцијата „Перспективи 2022“ на тема „Едно општество за сите – сегашност и перспективи“, 15 декември 2021 (фото: Д. Муратов / ЦИВИЛ)

ОПШТЕСТВЕНА КОХЕЗИЈА

Од 28 активности во категоријата Општествена кохезија, утврден е ризикот на отсуство на политичка волја дури во 12 од нив, додека во останатите активности се утврдува недоволна соработка и размена на информации меѓу институциите, недостиг од квалитетни проекти, кадар или стручност.

Само во еден случај, во активноста формулирана како „Надградба на балансерот како алатка за правична и соодветна застапеност“ како ризик се утврдило дека „нема доволно финансиски средства“.

ОБРАЗОВАНИЕ

Во категоријата образование, во најголем број активности се бележат ризиците „отпор/незаинтересираност од наставниците“ и „спори процедури“, како и „отпор/незаинтересираност од родителите“ и други.

Изненадувачки е што во колоната на индикаторите за ниво на спроведени мерки, се бележи „одобрување“ на наставни програми, учебници, лектири и слично, а реалноста на терен е сосема поинаква.

ФИНАНСИРАЊЕ ВО ОБЛАСТА НА ОБРАЗОВАНИЕТО

Изненадува и наодот дека во извештајот од спроведувањето на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата во образованието често се среќава терминот „донатори“ или „европски фондови“ како извори на финансирање за спроведување на активностите во образованието.

Министерството за финансии мора да биде првиот и главниот финансиер. Стратегијата е и мора да остане македонски процес, платен со парите на македонските граѓанки и граѓани, не да биде грижа на даночните обврзници на ЕУ, САД или Швајцарија. Поточно, обврска на општеството и на државните институции е сами да си го платат интегрирањето на општеството, со што ќе докажат дека се сопственици на процесот.

РИЗИЦИ ВО ДРУГИТЕ ОБЛАСТИ НА СТРАТЕГИЈАТА: НЕЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ, ОТПОР, НЕДОСТАТОК НА ЕКСПЕРТИ…

Незаинтересираност, слаб одзив, отпор, недостаток на експерти, ниска видливост, немање волја, отсуство на соработка, во еден случај и „можност МТВ да не отстапи медиумски простор еднаш во неделата за емитување“ на образовна емисија за млади на теми релевантни на Стратегијата – се доминантните ризици со кои се соочува Стратегијата во 2020 година.

ОТПОР ВО МЕДИУМИТЕ

Ризиците што се утврдени во активностите поврзани со медиумите, вклучително и МРТВ (во речиси половината од активностите) се: Недостиг на сопствени средства, недостиг на волја од страна на раководството, недостиг на интерес од страна на меѓународни донатори и домашна граѓански организации, недостиг од интерес на новинарите и медиумските работници од НРТВ да учествуваат во процесот.

МРТВ: БУЏЕТИ, ПРИХОДИ И НЕЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ

Јавниот сервис МРТВ во 2020 година располага со буџет од околу 14,5 милиони евра. Износот на средства обезбеден со продажба на рекламен простор и трговија со авторски права не е доволно јасен. На веб страницата на МРТВ, едноставно, нема такви податоци.

Како илустрација за тоа дека МРТВ работи и комерцијално, може да послужи и податокот објавен во Анализата на медиумскиот пазар подготвен од АВМУ во 2019 година. Таму може да се „ископа“ податокот дека МРТВ во таа година реализирала 12,99 милиони денари (околу 210 илјади евра) од продажба на реклами. Но за Стратегијата Едно општество за сите нема средства, нема термини и нема интерес.

Џабир Дерала, ЦИВИЛ, на конференцијата „Перспективи 2022“ на тема „Едно општество за сите – сегашност и перспективи“, 15 декември 2021 (фото: Д. Муратов / ЦИВИЛ)

ПРЕПОРАКИ

Лекот за тоа е сосема јасен и може на сите да им даде долгорочни позитивни резултати.

Доследно и бескомпромисно спроведување на Стратегијата и сите препораки на релевантни институции и организации на меѓународно и национално ниво. Одговорност, морална, политичка и законска – НАПУШТАЊЕ НА НЕКАЗНИВОСТА.

Сеопфатен пристап, а не фрагментирање, поделба по сектори, јакнење на позицијата и капацитетите на Националниот координатор.

Буџет – можеби е скапа инвестиција, но е неопходна и неизбежна. И плодотворна, за разлика од тоталната деструкција на национализмот. Не треба да чекаме донации, туку самите да инвестираме во Едно општество за сите.

Професионално и транспарентно распределување на раководните и другите места во системот.

Инсистирање на правична застапеност по сите основи, не само етничка, туку и родова, но никако по основа на партиска припадност (а тука е стапицата!).

Постојана јавна осуда на секој и најмал облик на национализам и никакво кокетирање со изразите од типот „уцена“, бидејќи зад тоа лежи чудовиштето на национализмот.

Целата земја да биде опфатена со секојдневна акција, комисии да се формираат во секоја општина.

Цивил ќе продолжи со доследно и бескомпромисно спроведување на својата стратешка и програмска заложба за негување и јакнење на мултикултурализмот, почитување на човековите права и слободи, и градење на инклузивно, слободно и демократско општество на слободни, еднакви и достоинствени граѓанки и граѓани.

Обработка на текст: Дехран Муратов
Камера: Атанас Петровски и Дехран Муратов
Реализација и монтажа: Ариан Мехмети

 


Creative Commons 4.0 (дозволено преземање, со линк до изворот).
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ