• Latest
Џабир Дерала во Утрински брифинг, 16 февруари 2022 (скриншот од видео)

Дерала: Голем број терористички напади во Европа се извршени со балканско оружје

February 16, 2022
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО

Дерала: Голем број терористички напади во Европа се извршени со балканско оружје

February 16, 2022 14:14
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, КОНТРОЛА НА ОРУЖЈЕТО, ТОП 5
Џабир Дерала во Утрински брифинг, 16 февруари 2022 (скриншот од видео)

Џабир Дерала во Утрински брифинг, 16 февруари 2022 (скриншот од видео)

Share on FacebookShare on Twitter

Оружјето секогаш е поврзано со криминалот, а особено со организираниот криминал од сите видови. Тоа е придружна алатка на сите организирани криминални групи во земјава и странство. Оружјето е оценето како еден дестабилизирачки фактор за безбедноста и сигурноста на една земја, и било каков прогрес е незамислив  ако има голема пролиферација на нелегалното оружје, вели за Утрински брифинг, Џабир Дерала од „Цивил“.

-За жал не знаеме и податоците не се систематски за тоа дали и колку расте бројот на парчиња оружје во земјата, затоа и го почнавме истражувањето минатата година. Релевантните служби го следат тоа, но нема една заедничка дата база која ќе може да ја користат сите. Еден мој колега од Цивил  денеска кажа дека  не постои едно депо во кое се чува запленетото оружје, туку се чува во регионални СВР, вели Дерала.

-Цивил е организацијата која  2004 година лобираше кај тогашната влада и се изгласа Меѓународниот ден за собирање на оружјето. Тоа е 9 Јули, и од тогаш се воведе праксата секоја година да се уништува тоа оружјето. Имам чувство дека некои меѓународни обврски кои се преземени се запоставени, аради турбулентната општествено-политичка сиуација, пред се, но и заради неажурноста на одредени служби. Ние во моментов истражуваме дали и како се спроведуваат тие меѓународни обврски.

-Меѓу другото, Цивил во 2012 ја донесе Меѓународната спогодба за трговија со легалното оружје, ратификувана е истата година во парламентот, и сме на трето место во светот како организација која успеала да обезбеди пропорционално највисок број на парламентарци кои ја поддржале таа спогодба. Целата операција не чинеше 250 денари и бевме пионери, меѓу првите во Европа, но не сум сигурен колку институциите ажурно ја спроведуваат, кажа Дерала.

Дерала истакна дека  организација е ветеран во меѓународните мрежи за контрола на трговијата со оружје, пред се во IANSA, една од највлијателните организации, каде е членка од 2002 година., во Control Arms е членка од 2003 година, а од неодамна соработува со GI, организација за борба против транс-националниот криминал, сето тоа се канали во кои може да се учествува, не само да се следи и учи.

-Во светот и во Европа, во ЕУ, е познато дека Балканот е црна точка. Балканската рута која се прекина поради имигрантите , се сметаше дека ја прекина и балканската рутата на оружјето. Безмалку сите терористички акции  во Европа во изминативе 10 години се направени со југословенско, односно балканско оружје, со потекло од екс- југословенските простори и Албанија, истакна Дерала.

-Можеби ќе се чини чудно една организација за човековите права да биде во толку добра комуникација со МВР во овој домен, и можам да кажам дека во 2003 година кога учествуваме во собирањето на нелегалното оружје и амнестијата која следеше потоа, имавме одлична соработка и со МВР и со координативното тело .Во 2009 година, ние сме потписници на меморандум со МВР за соработка и партнерство во овој домен и во неколку други. Меморандумот е обновен 2020 година и сеуште е важечки, посочи Дерала.

Според Дерала, организацијата има  одлична соработката, отворени се службите за соработка, меѓутоа ова е толку деликатна материја , што секогаш треба да се чекори многу бавно и многу претпазливо. за да не откриеме работи кои можат да ја загрозат или безбедноста или службените и државните тајни.

Во секој случај, Балканот останува извор, центар на шверцот со оружје и е закана за безбедноста и стабилноста  пред се на Балканот, меѓутоа, често има влијание на поширокиот регион, па и на ЕУ итоа е една од пречките во развојот и прогресот кон Европската унија, истакна Џабир Дерала во интервјуто за Утрински брифинг.

ЦИВИЛ денес со почеток во 13 часот организира онлајн настан на тема „Нелегалното оружје и организираниот криминал: Сè е поврзано“. Со ова, продолжува серијата онлајн настани под заеднички назив „Во фокусот“. На денешниот настан, „во фокусот“ на ЦИВИЛ ќе се најдат повеќе актуелни и исклучително важни аспекти на контролата на оружјето во земјата и во регионот. Фокусот ќе биде „изострен“ и на врската меѓу распространувањето на нелегалното оружје и организираниот криминал.

Минатата година, ЦИВИЛ го спроведе проектот „Минатото, сегашноста и иднината на контролата на оружјето во Северна Македонија“ кој донесе исклучително богата содржина со низа интервјуа од релевантни аналитичари, експерти и високи државни функционери. Проектот беше спроведен со поддршка од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал и Резилиенс фонд.

Д. Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ