„Јас имам мешано етничко потекло. Меѓу моите предци има Албанци, Турци, Хрвати. Подлабоко во минатото, моите предци влечат корени – од Блискиот Исток до Италија. Еден мој пријател, писател од Белгија, пишувајќи за мене, тоа го нарече Salad Macédoine во една своја книга за Балканите“, истакна Џабир Дерала во Иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика, почитувај ги различностите“.
„Цел живот сум опкружен со луѓе од најразлично потекло. Говорат на различни јазици, одат во различни храмови, некои се атеисти, некои се верници, имаат различни обичаи, слушаат различна музика…
Го прошетав светот каде што луѓето од најразлични култури, етнички заедници и раси живеат и работат заедно. И тие свои разлики ги користат за да бидат подобри и поуспешни во работата и животот. За секој од нив, има повеќе можности кога живеат и работат во средини каде што има луѓе кои доаѓаат од различни култури и раси и кои говорат на различни јазици“, нагласи Дерала.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Горан Наумовски