• Latest

Дерала: Набљудувачите да останат неутрални, непристрасни и објективни во референдумскиот процес

September 28, 2018

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Демократијата не молчи ниту под сирените

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дерала: Набљудувачите да останат неутрални, непристрасни и објективни во референдумскиот процес

September 28, 2018 12:25
in ВЕСТИ, РЕФЕРЕНДУМ
Share on FacebookShare on Twitter

Дерала, ЦИВИЛ: Во фото-финишот на референдумскиот процес за набљудувачите на ЦИВИЛ е многу важно уште еднаш да прочитаат и најстрого да се придржуваат кон кодексот на набљудувачите, кон повелбата што ја потпишаа на семинарите на ЦИВИЛ и, се разбира, да се придржуваат кон Изборниот законик. Постојат правила кои ние не смееме да ги заобиколиме во ниту еден момент.

Набљудувачите на ЦИВИЛ се пријателки и пријатели на овој процес. Тие се соработници и тие треба да го поддржат процесот и, секако, да бидат неутрални, непристрасни, објективни набљудувачи на овој процес .

Правото на глас, и овој пат, како и во секој друг изборен процес е најважно. И тоа е нешто што ние како организација за човекови права и слободи го браниме и се обидуваме да го застапиме во најдобра можна форма.

Набљудувачите на ЦИВИЛ се насекаде низ Македонија. Тие имаат прецизни упатства за тоа како и што треба да набљудуваат. Во нивниот фокус се, се разбира, институциите, избирачките одбори, како и сите оние структури кои на денот на гласањето може да се обидат да го попречат гласањето или да извршат било каква нерегуларност. Тоа е потребно веднаш да се нотира и да се пријави во прес и аналитичкиот центар во Скопје.

ЦИВИЛ ќе биде во постојана комуникација со сите граѓанки и граѓани, со институциите, со релевантните институции, а се разбира и со Државната изборна комисија во текот на целиот ден на гласањето.

По завршувањето на гласањето во 19 часот ЦИВИЛ ќе отвори дебата, ќе покани експерти, ќе покани претставници од своите мониторинг тимови и во живо ќе пренесува панел дискусии кои ќе го оценат референдумскиот ден и ќе се обидат да придонесат кон разбирање на она што се случуваше во текот на денот.

Се разбира во текот на денот, почнувајќи од 6 часот наутро, па се до полноќ, ЦИВИЛ ќе го мониторира и ќе го раководи од својот прес и аналитички центар во хотел Сити Парк. Оттаму ќе издава соопштенија и ќе држи прес-конференции во текот на целиот ден. Очекувам дека на планот ќе бидат конференции од 10 часот, а потоа на секои два часа ќе се вклучуваме во живо до затворањето на избирачките места, односно, гласачките кутии.

Тоа што е многу важно во овој момент е граѓанките и граѓаните да бидат отворени во комуникацијата со ЦИВИЛ и без никакви двоумења да се јават во организацијата во која имаат доверба и да ги пријават нерегуларностите, притисоците и заканите. Тоа можат да го направат по телефон, но исто така, и на веб-страницата на slobodniizbori.info. Но, се разбира можат да дојдат и лично во хотел Сити Парк и таму да известат и да сведочат за тоа што го виделе на терен.

Маја Ивановска

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Владо Крстевски

 

Tags: директнонабљудувачиЦивил
Share12TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ