• Latest

Дерала: Нам ни е потребна денацификација на образованието и општествениот дискурс

September 24, 2021
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Дерала: Нам ни е потребна денацификација на образованието и општествениот дискурс

September 24, 2021 18:45
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Како организација за човекови права се обидуваме да дадеме свој придонес кон деполитизацијата и департизацијата на образованието, на најсветата општествена дејност. Во рамките на проектот „Европски перспективи (следно ниво)“, имаме една цела компонента во која се обидуваме да дадеме свој придонес во рамките на процесот за реформи во образованието, со фокус на основното образование, во доменот на мултикултурализмот и борбата против национализмот, но секако ги опфаќаме и сите прашања во врска со оваа област.“, вели претседателот на ЦИВИЛ,  Џабир Дерала, на панелот „Деполитизација на училиштата“.

„Се согласувам со забелешката на проф. Најчевска дека политиката мора да биде во образованието, но, во општество какво што е нашето, политиката, пред се подразбира партиска политика, за жал. Тоа е една континуирана трагедија која има длабоки секојдневни последици врз развојот на општеството и демократијата воопшто, така што да, се согласувам но политизацијата, односно политичките партии мораат да излезат од образованието.

Имаме општество во кое се што подразбира политика, всушност се ограничува на влијание, односно дејствување на одредени центри на моќ, на лимитирани бројки на луѓе кои заобиколувајќи ги, или злоупотребувајќи ги демократските стандарди и принципи во едно општество, ги наметнуваат своите идеолошки, политички, па и финансиски интереси во одредени процеси.“, се осврна Дерала на поимањето на термините „политизација“ и “партизација“ во општеството.

Дерала направи паралела помеѓу нацификацијата во образованието во време на нацизмот и во периодот на сличните политики во нашата земја од 2006 до 2016 година.

„Би сакал да внесам една историска паралела, која за жал, ден денеска ја памтат некои од нашите највозрасни граѓанки и граѓани, а тоа е „наци“ времето. Во времето на нацизмот, секој наставник морал да се приклучи на таканаречената лига на учителите, на национал-социјализмот, и потоа се приклучувале на партијата. Меѓутоа, има две скалила, каде што, ако сте сакале да бидете наставник, вие сте морале да припаѓате на таа лига, на национал-социјалистички наставници. А преку таа лига, која работела под налог на партијата на нацистите во тоа време, директно влијаеле на учениците, од нивните најмали нозе па се до универзитетските нивоа. И тоа е една политичко идеолошка индоктринација која била толку систематска, толку строга, толку забетонирана, што навистина ретко кој може и да го замисли тоа. Идентично се работело и во времето на сталинизмот, многу помеко тоа се гледа во југословенската федерација, но сепак таа индоктринација била присутна.

Гледаме дека во најновиот период на македонската историја имавме сличен таков период во времето од 2006 – 2016 во нашата земја, во која едноставно, од она што е познато, знаеме еден рапиден скок на зачленувањето на наставниот кадар во тогашната владејачка партија. Едноставно, не можете да се вработите ако не станете член на политичката партија на власт“, посочи Дерала меѓу другото.

Дијана Тахири

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ