Дувлото за ширење дезинформации и омраза, продолжува со кампањата против ЦИВИЛ. Интернет портали и Фејсбук станици, познати по ширењето дезинформации и говор на омразата, денеска се впуштија во уште една дива мини-кампања во која лажат и поттикнуваат омраза против ЦИВИЛ и Џабир Дерала. Тие се обидуваат да ја излажат јавноста дека претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, е позитивен, што е чиста измислица.
Џабир Дерала на својот приватен ФБ профил вечерва напиша:
Од почетокот на ковид кризата бев четири пати во изолација, а се тестирав точно пет пати. За голема жал на пропагандистите, можам да соопштам дека НА СИТЕ ТЕСТОВИ СУМ НЕГАТИВЕН .
Антитела: НУЛА, што значи дека не сум го ни прележал ковидот.
А вистина е дека се сретнав со повеќе од 2.000 луѓе за една година, посетив преку 40 населени места, учествував на огромен број настани. Цело време, здрав како дрен .
Како заклучија пропагандистите дека сум бил позитивен, навистина не знам. Мојот твит утринава се однесуваше на „брзината“ на поштата, а не на мојата здравствена состојба – фала на прашање, добар сум .
Неписмени се или само бескрајно злобни? Или и двете?
Јавноста веќе лесно ги препознава и не им подлегнува на овие пропагандни трикови.