• Latest
Фото: Б. Јордановска / ЦивилМедиа

Поларизацијата во општеството е овозможена преку агресивна експлоатација на најмоќното оружје без барутно полнење – медиумите

May 16, 2023
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Поларизацијата во општеството е овозможена преку агресивна експлоатација на најмоќното оружје без барутно полнење – медиумите

Говор на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“, Скопје, 16 мај 2023 година

May 16, 2023 12:53
in ЕДИТОРИЈАЛ, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: Б. Јордановска / ЦивилМедиа

Фото: Б. Јордановска / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Перцепцијата за „различните“ или „другите“, што и да подразбираат тие поими, во несигурен и поларизиран свет во кој се води голема војна во Европа, неизбежно и сè повеќе е заснована на омаловажување и недоверба. Центрите на моќта кои водат војна за уништување на вредностите што се подразбираат под демократија и човекови права и слободи, одамна се во тој поход.

Последица на таа војна се фрагментирани општества во кои перцепцијата за другите е пропорционална со нивото и интензитетот на поларизација и контаминација со длабоко вкоренети предрасуди и стереотипи, кои лесно прераснуваат во презир, нетрпеливост, омраза и отворено насилство. Сето тоа придружено со долготрајни кампањи со дезинформации, говор на омраза и поттикнување на насилството. 

Да видиме како се однесуваат две, условно кажано, општествени групи. 

Жртви

Другите не се вредни (дури ни истиот воздух да го дишат со нас), но затоа сакаат да го грабнат и уништат сè што е наше. А нашето е од бога дадено, свето, највредно од сите, ни припаѓа само нам. Сме го стекнале низ вековите со страдалничка борба и крвави жртви. 

Другите не можат да бидат наши соседи и партнери, бидејќи секогаш, колку и да не изгледа така, длабоко во нив тлее желбата да нѐ уништат и да го земат тоа што е наше. Иако се прости и безвредни битија, без оглед на тоа дали се или не се помалобројни, тие поседуваат способност да коваат заговори против нас и да ни ги преземат главните лостови на моќта и постојано се обидуваат да завладеат со нас. 

Едноставно, ние секогаш сме жртви на другите. Против нас има мрачен заговор, глобален заговор за нашето уништување.

Тоа е таа постојана епска разиграност на горчината, самосожалувањето и презирот. Која секогаш е на границата да се претвори во милитантна омраза. 

Прогресивни

Дури и кога сме прогресивни, па решаваме да ги прифатиме различните од нас, ние тоа го правиме затоа што сме благородни, сомилосни и големи, секако и повредни од нив, различните. Па кога би биле исто толку вредни како нас, не би биле различни, зарем не? Но ние сме модерни и прогресивни, затоа и ги прифаќаме различните. Треба еднаквоста да се негува, да им се помогне на другите да се приближат до нашите небесни височини, да им се даде шанса. Да им се подари еднаквоста, толку колку што заслужуваат. 

Сепак, сѐ има свои граници. Секогаш ни е на располагање правото да се разочараме и да им се придружиме на оние што не се толку прогресивни како нас, па да кажеме – „Навистина, во право се радикалите, овие не ја заслужуваат нашата доверба и добрина!“

Причини 

Кога зборуваме за причините за толку широко распространетата нетрпеливост меѓу заедниците, етнички, верски и расни, како и други облици на заедници, сѐ можеме да сведеме на еден збор: СТРАВ!

Страв од непознатото, страв за сопствениот идентитет, безбедност, благосостојба. Страв за сопствениот опстанок!

За корените на овие состојби и процеси може да се говори и пишува многу, но колку и да анализираме, повторно ќе дојдеме до истиот заклучок – во коренот на сите предизвици меѓу различните заедници е токму стравот.

Фактори

Главен фактор за влошување на односите меѓу заедниците се политичките партии, организации и групи. Тие го одбираат поттикнувањето на национализмот и насилството, бидејќи е најевтиниот, најефикасниот и воедно најдеструктивниот начин да се дојде до гласови, популарност и мандати. Поларизација, ширење страв и ветување дека тие ќе ги спасат луѓето од другите, различните. 

Се разбира, тоа би било невозможно без „експертската“ помош од интелектуалците, образовните институции и дел од граѓанското општество, а да не заборавиме и на тивкиот длабоко зачмаен, политизиран/партизиран и, најмногу од сè, конзервативен и неедуциран клиент – администрацијата.

Воено-разузнавачките, политичките и финансиските структури во антидемократските земји, во директна или индиректна спрега со домашните „трагачи по богатство“, учествуваат во фрагментацијата и поларизацијата на општеството, а потоа и во деструкцијата на институциите, безбедноста и стабилноста на државата. 

Сето тоа е овозможено преку агресивна експлоатација на најмоќното оружје без барутно полнење – медиумите. 

Итни чекори

Најитно се потребни решителни и сеопфатни чекори во повеќе критични области и тоа во образованието, културата и медиумите. Тие чекори мора да бидат придружени со јасно изразена политичка волја, да бидат недвосмислени и бескомпромисни. 

Владеењето на правото подразбира и решително спроведување на законите за заштита на човековите права и слободи, наспроти ширењето на етничка, верска и расна нетрпеливост, и военохушкачка пропаганда. 

Институциите и прогресивните општествени и политички структури мораат да работат на понатамошна секуларизација на државата, а не да кокетираат со верските поглавари и да преземаат популистички чекори за да ги одбранат своите политички позиции и рејтинзи. Таквото однесување е штетно и за општеството, и за државата, а на подолги патеки и за самите нив. 

Препораки

Долгогодишни препораки на ЦИВИЛ до граѓанските организации, особено до неколкуте мрежи кои ги адресираат дискриминацијата и човековите права и слободи, се да вложат повеќе напори во генерирање на конкретни активности и настани со кои ќе се промовира концептот и Стратегијата за мултикултурализам, претходно позната како „Едно општество за сите“.

Препорака и до медиумите и граѓанските организации и мрежи поврзани со медиумските прашања е да ги постават активностите и содржините на темите поврзани со односите меѓу заедниците како приоритетни.

Понатаму, препорака до Владата и институциите е:

  • да преземат мерки за превенција, односно санкционирање на говорот на омраза и ширењето на етничка верска и расна нетрпеливост, кои се кривични дела и 
  • да продолжат со добрите практики на креирање позитивен амбиент за развој на мултикултурализмот во земјата.

Препорака на ЦИВИЛ е тие во наредниот период да се фокусираат уште повеќе на доследно и уште подинамично спроведување на Акцискиот план на Стратегијата и креирање на новата Стратегија 2023-2025 година, со посебен акцент на образовните и културните институции, и медиумите.

Заклучокот е едноставен. Развојот и доследноста во политиките и практиките поврзани со односите меѓу заедниците имаат клучна улога во развојот на македонската демократија и исполнувањето на националните интереси. Тие се клучни за безбедноста и стабилноста на Република Северна Македонија. Нема ништо поважно од тоа. 


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ