„Имам сомнеж во делувањето на ДИК, бидејќи не може да покаже една поцврста позиција во однос на измените на изборниот законик“, истакна Џабир Дерала панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Какви закони, такви избори“.
Препораката на ЦИВИЛ е Северна Македонија да биде една изборна единица. Како организација бележиме и слабости во однос на финансирањето на кампањите, изборите, политичките партии… Во цел свет, а и кај нас има хибридна војна каде се слеваат милионски суми. Институциите мора да знаат од каде се слеваат парите и како се финансираат политичките партии.
Граѓанинот има право на добро информиран избор и почитување на правото на глас на граѓаните. Граѓаните треба да бидат добро информирани и да не потпаѓаат на лажни вести и дезинформации и црна пропаганда.
Треба да се направи целосно нов изборен законик. Едно одело да го кроиш 25 пати, тоа одело на што ќе личи? Исто е и со изборниот законик.
Изборите не се на политичките партии, туку се за граѓан(к)ите. Партиите се на врвот на таа пирамида, а би требало да се на граѓаните“, нагласи Дерала.