Џабир Дерала од ЦИВИЛ на панел дискусијата „Попис: Помеѓу политиките и статистиките“ во организација на ЦИВИЛ изјави дека повеќе од една деценија имаме политики кои го контаминираат политичкиот дискурс, односно дека не може ни едно прашање да помине, а да не се исполитизира.
„Пописот може многу лесно да се претвори во оружје со кое се дискредитираат политичките противници. Тоа е една од главните поенти на голем дел на политичарите на десничарка групација во земјата и тука имаме ситуација каде етничките односи стануваат главна тема во сите области“, вели Дерала.
Според него, политичката фела го зима во рацете како аргумент за да покаже дека онаа другата страна е попустлива.
„Се работи за калкулација на тие структури кои може и да не ја постигнат својата целона атмосфера во која граѓаните имаат се помалку доверба во институциите, едноставно креирање на теории на заговор е доволно добар резултат за нив, бидејќи ќе се вклопи во нивната стратегија и во која профитот секако го извлекуваат малкумина во тие структури“, вели Дерала.
Во однос на пропаднатиот попис пред 9 години, Дерала вели дека има кампањи и ситуации од тогаш за кои никогаш не одговарал никој за истите.
„Девет години се води кампања како некој политичар Албанец барал да се прекине за да се покрие вистинскиот процент на Албанците во земјата. Кога имате кампања која е маскирана кои навидум немаат врска со етнички односи, одредени политички структури бидувајќи националистички не доведуваат во врска со национализмот, за да можат да добијат политички профит и да останат на власт и да бидат лидери во одредени заедници“, додава Дерала.