• Latest
Џабир Дерала, ЦИВИЛ (Фото: Скриншот од „24 анализа“)

Дерала: Популизмот да се замени со реални мерки за надминување на економската криза

March 19, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Дерала: Популизмот да се замени со реални мерки за надминување на економската криза

March 19, 2026 14:11
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, КОНФЛИКТИ, ТОП 5
Џабир Дерала, ЦИВИЛ (Фото: Скриншот од „24 анализа“)

Џабир Дерала, ЦИВИЛ (Фото: Скриншот од „24 анализа“)

Share on FacebookShare on Twitter

Порастот на цените и продлабочувањето на економската криза се реална закана за Македонија, оцени Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, во емисијата „24 анализа“ за војната на Блискиот Исток и нејзините економски импликации.

„Битно е во овој момент да бидеме попозитивни, затоа што ситуацијата ескалира од ден на ден. Треба да бидеме добронамерни и да побараме од оние што се на одговорни позиции во државата да престанат со популизам и калкулации, туку вистински да седнат и да донесат мерки кои барем минимално ќе ги ублажат ефектите од оваа криза“, апелира Дерала.

Тој својот став во кој повика на единство и солидарност го поткрепи со предупредувањето дека оваа криза не е единствената, но и дека следат нови.

„Таа (војната во Иран) не е единствена. Следат нови. Ние мораме да размислуваме за солидарно поврзување за да може да се соочиме со последиците од она што нè очекува. Иран е денеска. Утре ќе биде нешто друго. Постојните и претходните конфликти се исто така влијателни и не смееме да ги заборавиме“, изјави Дерала. Тој во текот на емисијата говореше и за војната на европско тло – Украина – која влезе во својата петта година.

Што се однесува до економијата, според Дерала, ценовните шокови што доаѓаат како последица на глобалните кризи, вклучително и актуелната војна во Иран, силно се чувствуваат и во македонската економија. Според него, оваа ситуација бара сериозен и одговорен пристап, наместо политички калкулации.

„Што и да направи која било влада, ќе има негативни ефекти, но тоа не значи дека институциите треба да кренат раце. Напротив, токму сега е моментот за конкретни чекори“, истакна Дерала.

Тој нагласи дека Владата и коалициските партнери располагаат со доволно експертски капацитети и економисти кои можат да понудат решенија, но дека е неопходно да се напушти популистичкиот пристап.

„Потребно е да престане популизмот и да се донесат мерки што барем минимално ќе ги ублажат ефектите од кризата“, рече тој.

Дерала предупреди дека актуелната криза не е изолиран случај, туку дел од поширок глобален контекст кој најавува нови предизвици.

„Ова не е единствена криза. Следат нови. Денес е Иран, утре може да биде нешто друго. Постоечките конфликти и понатаму имаат сериозно влијание и не смееме да ги игнорираме“, додаде тој.

Во таа насока, Дерала повика на поширок општествен консензус и координација меѓу сите релевантни актери во државата.

„Имаме обврска – како јавни интелектуалци, медиуми, граѓанско општество, власт и опозиција – да седнеме на иста маса и да изработиме стратегии за справување со периодот што доаѓа“, нагласи тој.

Според Дерала, земјата влегува во нестабилен период кој може да прерасне во сериозна криза доколку не се реагира навреме.

„Влегуваме во период на хаос. Ако не направиме ништо, тој хаос ќе не поклопи уште на самиот почеток“, предупреди Дерала.

Тој истакна дека е потребна и поголема солидарност во општеството, како и креативен пристап во креирањето политики.

„Мораме да размислуваме и за солидарно поврзување, да бидеме оригинални и креативни – можеби дури и да дадеме пример надвор од земјата“, заклучи Дерала.

Уредничка на емисијата е Билјана Секуловска, а во неа гостуваа и проф. Мерсел Билали и новинарот Мирче Адамчевски.

Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ