• Latest

Дерала: За нова изборна регулатива и промени во изборниот систем може да се говори во сосема поинакви општествено политички услови

March 18, 2024

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дерала: За нова изборна регулатива и промени во изборниот систем може да се говори во сосема поинакви општествено политички услови

March 18, 2024 11:13
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на изминатата година, на иницијатива на Министерство за правда, се формира Работна група за измени во Изборниот законик во чиј состав влегоа повеќе државни институции и независни тела, како што се ДИК, ДКСК, ДЗР, АВМУ, МИОА, Управен суд, МТСП, Министерство за финансии, и други.

Основната цел на РГ беше да формулира измени во ИЗ според препораките на ОБСЕ/ОДИХР, кои во голем дел се совпаѓаат со препораките на ЦИВИЛ, МОСТ, Инклузива и други релевантни граѓански организации во изминатите години. 

Во РГ беа повикани и сите политички партии, како и граѓанските организации и саморегулаторни тела. Во работата на ова тело зедоа учество ЦИВИЛ, МОСТ, ЗНМ, ССНМР, Полио Плус, итн. 

РГ не почна со работа во предвидениот рок, затоа што се чекаше на одлука од ВМРО-ДПМНЕ да предложи свој претставник да го раководи ова тело. Бидејќи роковите течеа, Министерството за правда во април донесе одлука да овозможи услови за почеток на работата и го назначи г-н Александар Новакоски за Претседател на РГ за измени во Изборниот законик. 

На 3 мај 2023 година се одржа прва конститутивна седница. Г-н Новакоски, инаку искусен правен експерт и поранешен претседател на ДИК, ја водеше РГ со максимална одговорност и брзина. 

ЦИВИЛ учествуваше во четири од петте подгрупи со тројца свои претставници, додека останатиот дел од тимот ја даваше својата професионална поддршка во форма на истражувања и продукција на медиумски содржини во кои беа застапени знаења, анализи и искуства релевантни за различните области во кои се правеа изборните измени, посочи претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала на прес конференцијата. 

ЦИВИЛ даде придонес кон работата на групите: ИЗБОРНА АДМИНИСТРАЦИЈА, ИЗБОРНА КАМПАЊА И МЕДИУМИ, ФИНАНСИРАЊЕ НА ИЗБОРНА КАМПАЊА, ПОДНЕСУВАЊЕ НА КАНДИДАТСКИ ЛИСТИ И ЗАШТИТА НА ИЗБИРАЧКОТО ПРАВО.

ЦИВИЛ не зеде учество во групата ИЗБИРАЧКИ СПИСОК. 

ЦИВИЛ, како и други учесници во РГ го изнесе ставот дека е потребно да се подготви целосно нов изборен законик, но суштински измени не беа можни во дадениот период.

 За нова изборна регулатива и промени во изборниот систем може да се говори во сосема поинакви општествено политички услови, по исцрпни јавни и експертски дебати и постигнат политички консензус во земјата. 

Што се однесува до самиот процес на формулирање на измените во Изборниот законик, можеме да констатираме дека најголем дел од политичките партии не покажаа интерес за конкретно учество во работата на РГ, е препораката на ЦИВИЛ.

Наспроти фактот што голем број од членовите на РГ група не придонесоа воопшто или не учествуваа редовно, ова тело работеше напорно и со целосна посветеност кон целта на РГ. 

Сите препораки од ОБСЕ/ОДИХР беа опфатени и формулирани, секаде каде што тоа беше можно, во конкретни законски решенија. 

Дискусијата за сите прашања се одвиваше во конструктивен дух, во кои претставниците на различните институции, но и со различни интереси, разменуваа аргументи и контрааргументи во дух на соработка и меѓусебно почитување, со цел да се изнајдат општоприфатливи законски решенија и формулации. 

Обемниот документ со предлози и препораки од РГ беше завршен во октомври и беше изгласан, според Деловникот, на 7 ноември 2023 година. РГ се раководеше стриктно според законите и препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а времето на завршувањето на процесот се совпаѓа со препораката измените во изборната законска регулатива да се носат шест месеци пред изборите. 

Наспроти блокадите на самиот почеток и отсуството на дел од членовите на РГ, пред се, политичките партии, процесот беше завршен квалитетно и навремено. Решението за поместувањето на датумите за одржување на изборите порано од нивниот редовен термин не е дел од ингеренциите, ниту одговорноста на РГ. 

Парламентарните политички партии имаа повеќе од доволно време да ги разгледаат и усвојат предлозите на РГ, но тоа не го направија. Така што, доколку законските измени се покажат неефикасни, одговорноста е до политичките партии. Исто така, важно е јавноста да биде запознаена дека парламентарните партии не ги усвоија сите препораки од РГ. 

Во тек е подготовка на компаративна анализа за тоа што е предложено од РГ, а што е усвоено, неполни два месеци пред првиот круг од претседателските избори на 24 април. 

Следете ја медиумската платформа на ЦИВИЛ за детали од мониторингот, вклучително и анализи на влијанието на изборните измени врз изборниот процес во земјата.

Д. Т. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ