• Latest
Џабир Дерала (фото: Надица Манева Ангеловски)

Дерала за Трн.мк: Човековите права и слободи се под силна закана – имајќи предвид со какви конзерви си имаме работа, меѓуетничките односи ќе бидат изговор за сите неуспеси

March 2, 2025
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ АКЦЕНТ

Дерала за Трн.мк: Човековите права и слободи се под силна закана – имајќи предвид со какви конзерви си имаме работа, меѓуетничките односи ќе бидат изговор за сите неуспеси

March 2, 2025 14:49
in АКЦЕНТ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Џабир Дерала (фото: Надица Манева Ангеловски)

Џабир Дерала (фото: Надица Манева Ангеловски)

Share on FacebookShare on Twitter

Интернет порталот Трн.мк објави интервју со претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, под наслов „Да се издржи, да се држи главата исправено и да се продолжи со борбата“ (линк). Издвојуваме едно прашање и еден одговор од ова обемно интервју со голем број прашања поврзани со професионалниот, јавниот и личниот живот на нашиот колега.

Меѓу другото Трн.мк го праша Дерала како гледа на сегашната состојба на човековите права во Северна Македонија.

„Веќе сега е очигледно дека човековите права и слободи се под силна закана. Ние веќе се соочуваме со постепено ограничување, а нè очекува и сè позабрзано и флагрантно газење на човековите права и слободи како на индивидуално, така и на ниво на заедници, а секако и на ниво на целото општество“, одговори Дерала во интервјуто за Трн.

Според него, социјалната правда, како една од најважните области на човековите права и слободи, правото на образование, на здравствена заштита, на правично судење – веќе сега се гледа дека ќе бидат силно предизвикани од политиките и практиките на власта.

„Дискриминацијата по етничка и верска основа се најдобрите алатки во рацете на една авторитарна власт да ја одржува и да ја зголемува својата моќ, преку сеење страв и недоверба, а потоа покажување мускули и играње улога на ‘заштитник и спасител’. Оваа област – меѓуетничките и меѓуверските односи – ќе биде изговор за сите неуспеси на план на социјалните прашања и благосостојба на граѓанките и граѓаните“, изјави Дерала за Трн.

Тој предвидува дека наскоро ќе се продлабочи маргинализирањето на повеќе општествени групи.

„Имајќи предвид со какви конзерви си имаме работа, ќе видиме продлабочено маргинализирање на повеќе општествени групи. Исто така, родовата нееднаквост ќе се зголеми, а на сметка на тоа ќе се промовираат лажни вредности поврзани со лажна грижа за семејството, според принципите на верските догми напуштени во нормалниот свет веќе со векови“, алармира соговорникот на Трн.

Понатаму, според Дерала, изолационизмот, растечката сиромаштија и тензиите во повеќе области ќе придонесат кон општа дестабилизација на земјата. Во такви услови, смета тој, почитувањето на основните човекови права и слободи ќе стане далечен сон.

„И пази, сево ова е само брз поглед на нештата. Да не зборувам за слободата на говор и медиумските слободи, владеењето на правото, безбедноста и сигурноста итн.“, вели Дерала за Трн.

М. Д.


Трн.мк е интернет медиум што промовира општествени и културни вредности, зелени политики, технологии, човекови слободи, здрави начини на живот, праведност, хуманост и креативност.

Tags: меѓуетничките односиЧовековите права и слободиЏабир Дерала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ