• Latest

Дерала за Утрински брифинг: Подготвени сме за изборите, кампањата ќе биде валкана, некои политички структури ќе работат на намалување на излезноста

June 16, 2020
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Дерала за Утрински брифинг: Подготвени сме за изборите, кампањата ќе биде валкана, некои политички структури ќе работат на намалување на излезноста

June 16, 2020 12:45
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, за Утрински брифинг разговараше за закажаните предвремени избори што треба да се одржат на 15 јули. Тој нагласи дека ЦИВИЛ набљудува избори веќе 12 години, од 20 години постоење на организацијата. Тој зборуваше и за политичките кампањи, за лажните вести, говорот на омраза, за спиновите, како и за изборниот процес за денот на гласање.

Изборите се закажани за точно еден месец, почнавте ли со подготовките, почнавте ли да мобилизирате набљудувачи?

ДЕРАЛА: Ние започнавме со долгорочен мониторинг на изборниот процес, односно на изборните контексти на политичките процеси и настани, уште на 21 октомври минатата година, откако на 20 октомври, политичките лидери се договорија да има предвремени избори. Ние веќе наредниот ден го вклучивме тој модул на набљудување што е континуирана активност во доменот на човековите права и слободи.

Ние, откако изборите се откажаа на 12 април, очекувавме дека ќе се одржат на 21 јуни, бевме и се уште сме речиси целосно подготвени да излеземе на терен, со што новиот датум ни дава повеќе простор да можеме да мобилизираме уште повеќе набљудувачи. Имавме намера да набљудуваме со околу 200, меѓутоа бројот на набљудувачи ќе го зголемиме за една третина, и на денот на гласањето некаде ќе имаме околу 300 набљудувачи на теренот.

Во моментов, дваесетина долгорочни набљудувачи секојдневно ја следат ситуацијата и ни испраќаат извештаи од нивните средини за состојбите во изборен контекст.

Потребна ли е дополнителна обука за набљудувачите во однос на здравствените мерки, и дали ќе испратите набљудувачи кај болните и изнемоштени лица?

ДЕРАЛА: Апсолутно е потребна дополнителна обука, не затоа што нашите набљудувачи не знаат како да се заштитат, меѓутоа, тоа е во стандардите и ние мора да им испорачаме материјали, упатства и сѐ што е потребно тие да бидат заштитени, секако и да ги заштитат граѓанките и граѓаните од себе. Тоа е наш стандард кој ги исполнува максимално сите услови, принципи за заштита на нашите набљудувачи во секоја смисла на зборот, од безбедност до законитост, и со сегашната ситуација, за заштита од коронавирусот.

За тие што ќе гласаат ден претходно, односно болните и изнемоштени, ние имаме план да го набљудуваме и тој ден, во помал обем се разбира, бидејќи нашето внимание ќе биде посветено на денот на гласање.

Ова се први избори на кои ќе се гласа во посебни здравствени мерки, досега не сме биле на избори под маски, со ракавици, тука се сите процедури на идентификација на гласачот, а потоа она осигурување дека гласачот претходно не гласал, а тоа е спрејот и ред други работи од процесот на самото гласање кој трае многу кратко. Но, овие избори се со посебни мерки и дали тоа може да влијае на легитимитетот на изборите бидејќи се појавија и такви сомнежи и загриженост кај одредени лица. Дали вие како набљудувачи видовте дека некоја мерка може да фрли сомнеж и на некој начин може да го наруши легитимитетот на изборите?

ДЕРАЛА: Не би требало да има здравствена мерка која може да наруши легитимитет на изборен процес, а притоа да се допушти загрозување на здравјето на граѓанките и граѓаните, тоа никако не смееме да го размислуваме на тој начин. Се разбира дека здравствените мерки се во согласност со јавното здравје, со здравјето на секој човек којшто ќе оди да гласа. Почитувањето на тие мерки мора да бидат максимално.

Што се однесува до легитимитетот на изборите, видете, ако погледнете на спрејот, тоа беше малку понижувачка мерка која се спроведуваше години наназад за да може да се утврди дека човекот што гласа, сигурно не гласал и на друго место.

За маските и за потврдувањето на идентитетот, убеден сум дека институциите ќе се погрижат да го изведат процесот на тој начин да се утврди идентитетот и да се заштити здравјето на гласачите, бидејќи тоа е врвот на сите приоритети за нас како организација која набљудува. Неодамна, во вашата емисија за првпат кажавме дека воведовме таканаречена „Корона категорија“ на набљудување, односно ќе внимаваме кој и како се придржува кон здравствените мерки за заштита од коронавирусот и гласно ќе реагираме. Во текот на денот ќе имаме 6-7 прес конференции и на секое место каде што ќе забележиме дека некој ги крши тие здравствени мерки и протоколи, ќе реагираме навистина гласно.

Дали и за ДИК ќе треба дополнителна обука, бидејќи и вашите набљудувачи на денот на гласање ќе бидат во истите простории каде што се наоѓаат и изборните комисии. Дали сметате дека и таму се потребни дополнителни обуки и што ќе се случи доколку и кај вас, но, и лица од изборниот одбор побараат да бидат изземени поради здравствени причини. Можно ли е да се јави проблем во смисла на недостаток на луѓе, на кадар?

ДЕРАЛА: За ДИК не знам, бидејќи тоа е голема бројка на луѓе. Што се однесува до нас, интересот е навистина голем и заради тоа го зголемуваме бројот на набљудувачи. Нема откажувања поради коронавирусот, мислам дека од 220 луѓе само 6 се откажаа и не сум сигурен дали сите се откажаа поради страв од коронавирусот, туку и заради други причини. Веќе имаме над 150 апликации кои не сме ги решиле.

Ние сите ќе ги обучиме дополнително. Доколку некој од нашите набљудувачи по поплака на граѓани, избирачки одбори, друг набљудувач, доколку не се придржува кон здравствените протоколи, важат истите правила како и во другите сфери. Ако не се придржува кон законите, до добрите изборни практики, до кодексот на набљудувачите кој секој од нив го потпишува без исклучок, тогаш тие на лице место се дисквалификуваат, односно се изземаат од процесот на набљудување.

Избирачките одбори се нешто друго. Во сите изборни процеси ние забележуваме дека во голем број случаи на кршење на изборниот законик, односно на процедурите на гласање, ги прават токму членовите на избирачките одбори. Но, исто така, забележуваме и извесен напредок и од изборен процес до изборен процес гледаме дека тие напредуваат во таа смисла и верувам дека на овие избори ќе бидат сведени на минимум нивните прекршувања. Инаку сме виделе сѐ и сешто на избирачките места, од мортадела, ракии, до музики итн. Меѓутоа, се надевам дека на овие избори сите ќе бидат одговорни и совесни.

Во овие избори ќе нема вообичаени големи митинзи. Каква кампања очекувате? Дали ќе има повеќе политика во медиумите, отколку вообичаените митинзи?

ДЕРАЛА: Кај нас во организацијата има проценки, односно има извештаи за досегашниот тек на кампањата, бидејќи таа трае, да се разбереме, и започна предвреме. Но тоа што со сигурност можеме да предвидиме е дека кампањата нема да биде помалку интензивна поради тоа што нема да има собирање, бидејќи помали собирања веќе гледаме дека има. Дури и самите политички партии и нивни ограноци се истрчуваат и се фалат на Фејсбук како вејат знамиња, се гушкаат итн.

На овие избори очекуваме да биде многу жестоко и валкано на социјалните мрежи. Тоа ќе биде поткрепено од одредени медиуми кои одамна ги имаат прекршено сите медиумски стандарди и етиката. Меѓутоа, социјалните мрежи ќе бидат бојното поле на кое ќе се судрат две големи концепции, две спротивставени концепции.

Дел од нив ќе се служат со валкани средства, со лажни вести, со говор на омраза, ќе се служат со разни манипулации, со спинување на вестите. Треба да се биде многу внимателен, бидејќи ние како организација сме сопственици на поголема медиумска платформа за информирање на граѓанките и граѓаните. Некогаш, колку и да се внимава, едноставно се провлекуваат грешки, бидејќи многу е софистицирана и машинеријата која стои зад некои партии преку која пласираат содржини кои ќе им дадат предност, макар и таа да е нечесна.

Какви се вашите очекувања за излезноста, дали граѓаните ќе излезат на гласање со оглед на ситуацијата со Ковид-19?

ДЕРАЛА: Граѓаните може да не излезат во голем број на гласање за да го исполнат своето уставно право на глас, не заради коронавирусот, туку од стравот од коронавирусот кој ќе им го набијат одредени политички структури кои ќе гледаат да ја намалат излезноста.

Безбедно ќе биде да се гласа, сигурен сум дека ќе биде побезбедно отколку кога ние одиме во продавница да купиме тоа што ни е неопходно за живот.

Меѓутоа, веќе има одредени структури кои упатуваат на тоа дека ќе биде опасно да се гласа, дека ќе биде страшно по животот и здравјето итн. Кога ќе се појават, ќе видите за што зборувам сега, но бидејќи сигналите и симптомите веќе се таму, утврдени се. Зависно од тоа колку таа црна кампања ќе успее, толку ќе биде намален бројот на гласачите на избирачките места.

Затоа се тука и невладините организации кои ќе работата на јакнење на јавната свест од сите аспекти за изборниот процес и се разбира, да ги бодрат гласачите да го искористат своето право на глас, бидејќи граѓанското учество за време на изборите е пресудно.

Разговорот за Утрински брифинг го водеше: Кристина Атовска
Обработка на текст: Дехран Муратов

https://www.facebook.com/utrinskibrifing/videos/578190869739655/?v=578190869739655

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ