• Latest

Деспина Влаќеска: Напредни кадровски политики за крај на партизација и политизацијата на државната администрација

August 14, 2020

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Деспина Влаќеска: Напредни кадровски политики за крај на партизација и политизацијата на државната администрација

August 14, 2020 11:42
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Повикот на ЦИВИЛ до своите членови, поддржувачи, соработници и сите заинтересирани граѓанки и граѓани да учествуваат во новата акција: Граѓански форум за учество во креирање на владините политики допре до голем број граѓанки и граѓани, активисти и поддржувачи на организацијата. На нашите електронски адреси веќе пристигнаа голем број пораки со артикулирани барања до идната влада, коишто веќе  се објавуваат на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Граѓанката Деспина Влаќеска ги постави своите барања за идната влада преку следниот допис:

После долг период на сивилото што демнеше над општествените процеси во нашата држава, нема област за која не може да се развијат идеи за коренити реформи преку кои треба и мора да се лечи болното ткиво на општеството.

Идната Влада на Република Северна Македонија ќе биде поставена пред предизвикот за целосно расчистување со криминалот, воспоставување правна и економски подобра држава како главна цел при остварување на поглавјата поставени од ЕУ, меѓу кои и целта за реформи во администрацијата.

Тргнувајќи од заложбите за цврста решителност на нашата држава кон НАТО и евроинтеграциите, како граѓанка, од Владата што треба наскоро да се формира го очекувам следново:

-Покажување вистинска волја за остварување на реформите преку нивно ефективно остварување, а не одложување од било какви причини. Волјата е двигател на секој напредок, а со тоа и на државата каде нашата време е да се претвори во пристојно време за живеење.

Имено, соодветно и на прашањето на кое пишувам, очекувам вработувањата кои воедно претставуваат сензитивна  категорија мора да имаат своја солидна основа за во иднина да се оствари ефикасна и ефективна администрација наспроти магичниот круг на сервилноста што ги кочи процесите во управата, нејзиниот однос со странките, односно граѓаните, а со тоа и недовербата во институциите на системот.

Во тој поглед, а согласно начелата од кои се водат сите развиени држави, предлагам поттикнување и професионализација на администрацијата преку конечна примена на правилото:

Вработување преку селекција по основ на квалитет, наспроти партиска книшка.

Политичката определба е право на секој граѓанин, а не услов за вработување.

Укинување на етничките балансери, вработување под еднакви услови за секој граѓанин врз основа на исполнети критериуми

Државната администрација да стане служба од квалитетни службеници за интересите на граѓаните!

Напредување во служба по заслуга, а не кога кандидатот ќе биде партиски подобен!

Носење закон за приправници, за вработување дел од младите кадри како професионалци во државните органи, тела и комисии, како и единиците на локалната самоуправа!

При тоа, време е и цивилизациска должност, постапките за вработување по објавен оглас во државните институции да почнат да се одвиваат законито и нормално каде работното место ќе го добие најсоодветниот кадар од струката, наспроти најсоодветниот на партијата или етникумот при што балансерот по основ на кој во огласите се истакнува напомена за предност на националност веднаш да се укине како дел од јавна дискриминација на кандидатите. Напоменувам и дека играта со т.н. балансер се злоупотребува од страна на кандидатите! Не е потребно такво нешто!

За спроведување  таква политика потребно е соодветно законско решение кое ќе биде патот кон искоренување на партизацијата и политизацијата на вработувањата.

Имено, преку Закон за приправници во државната управа, а со цел нејзина егзистенција како една од основните центри за функционирање на државата, да се привлечат најдобрите студенти од високо образовните установи во земјава на начин и под услови кои ќе бидат поволни за професионалните, финансиските и ефективните интереси на државата. Тоа може да се смета и како составен дел од градење на младински политики за задржување на младите меѓу кои квалитети неизоставно е дека истите треба да бидат и моторот кој ќе ја создава професионалната иднина на државната администрација!

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ