• Latest

Деца ни умираат!

February 12, 2019
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Деца ни умираат!

February 12, 2019 10:08
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Деца ни умираат по болници како муви. Три деца за три дена! Каква е оваа држава? Какви луѓе живеат во оваа држава? Каков систем изградиле тие луѓе? Како можат да го дозволат ова? Какви родители се тоа што „здравствената култура“ ја стекнуваат на Фејсбук, а главен медицински советник им е попот или оџата? На која географска широчина се наоѓаме? Во кој век живееме? Да продолжам ли да врескам?

Џабир Дерала

Ние не сме сиромашна земја. Ни оддалеку не сме толку сиромашни за да живееме во земја во која децата умираат затоа што државата не обезбедила доволно средства тие да бидат максимално заштитени. Ако можеа Грујо и Фамилија да обезбедат милијарди евра за себе, значи имаме пари! Ако може и сегашната власт да храни десетици илјади солдати од сите партиски бои (помирување), значи имаме пари!

Ако причината за смртта на децата се „мудрите“ одлуки на родителите да не ги вакцинираат децата, постојат закони што треба да го стават нивното старателство под знак прашање. Ако вакцините се стари, опасни, неквалитетни, тој што ги набавил, треба да оди на суд, па ако се докаже дека е виновен, мора да заврши зад решетки. Ако министер погреши, треба да поднесе оставка и да одговара пред законот.

Ако можеме да храниме огромна, непрегледна администрација што не ја бива за пет пари, можеме да се грижиме и за децата. Или, не одат двете работи заедно? Па, тогаш, да одбереме што ни е поважно, администрацијата или животот на децата.

Читам дека заседаваат комисии, како и за секоја друга ситница и глупост, така и за смртта на децата, за епидемијата од морбили… Колкави се платите на тие што седат во тие фотелји, кожни, удобни? Колкави се надоместоците на оние што треба да „допатуваат“ на заседавањето на тие комисии? Колку чини системот што на секоја трагедија одговара со состанок на некаква си комисија? Уште колку пати ќе поставуваме прашања од кои зрачи очај и беспомошност?

Ако властите, локални и централни, отпуштат 50-60-70 илјади луѓе од администрацијата, ќе имаме пари и за подобро здравство и за подобро образование. Звучи невозможно, затоа што се навикнавме да живееме во крајно неморално општество. Се навикнавме да се стремиме кон недостоинствени позиции во општеството, кон нешто што нема врска со професија, туку само со задоволување на потребите на дигестивниот тракт… И после ќе ни умираат децата. Па, ќе умираат!

А можно е! Можно е да се преполови администрацијата. Можно е да се стави крај на легализираното крадење. И тогаш, ќе има пари. Ќе има пари и за подобро платени лекари, наставен кадар и стручен и помошен персонал. Ќе имаме пари и за неспоредливо повисока социјална помош и програми за преквалификација, субвенционирање на зелени работни места, за сѐ ќе имаме пари, под услов да не се краде! Администрацијата треба да биде непожелно место за работа, а не највисока амбиција, веднаш по амбицијата да се напушти државата. И сето тоа може да се направи едноставно и брзо.

Со чесност и решителност! Ако нешто од тоа преостанало во оваа земја.

Ако можеме да бидеме светски пример за решавање тешки и апсурдни спорови со соседите, можеме и ова да го направиме. Наместо „едно општество за сите административци“, да им посветиме повеќе време и внимание на децата, да го спасиме животот на тие кревки, скапоцени фиданки!

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share227TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ