Мантии, елбасан тава, кифли, тавче гравче, пинџур, мусака, трилече…, и многу други традиционални јадења ќе бидат дел од трпезата на манифестацијата „Турлитава“ која по петти пат на 22 јули (недела) ќе се одржи во Јавна соба во Скопје од 18-21 часот.
Настанот го организира Хелсиншкиот комитет во рамките на проектот „Зајакнување на националните капацитети за справување со криминал од омраза и говор на омраза“, кој проект е поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, по повод Европскиот ден на жртви на дела од омраза
Досега повеќе беа вклучени луѓе од различните етнички заедници во државава, а за оваа година идејата е заедно со луѓето од различните етнички заедници да готват децата и луѓето со посебни потреби и нивните родители и старатели
Оргнизаторите ги повикуваат граѓанките и граѓаните сите заедно да ги вкусат различните традиционални кујни, и заедно да го потенцираат прифаќањето, признавањето и споделувањето.
Д.Муратов