• Latest

Девет години затвор за Ѓоко Поповски во предметот „Триста“

May 22, 2018
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Девет години затвор за Ѓоко Поповски во предметот „Триста“

May 22, 2018 13:37
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски денеска во Кривичниот суд е осуден на девет години затвор поради злоупотреба на службена положба во предметот на СЈО „Триста“, во кој беше обвинет за  јавната набавка на 300 возила за потребите на МВР.

Претседателката на судечкиот совет Добрила Кацарска при изрекување на пресудата кажа дека предлогот на Комисијата за јавни набавки бил спротивен на Законот за јавни набавки, па од тие причини Поповски не смеел да го прифати предлогот. Според неа, во овој случај, не бил запазен критериумот „најповолна понуда“ за јавна набавка на 300 возила за потребите на МВР. Со ова, рече Кацарска, на МВР му била нанесена штета од поголеми размери.

Поповски, од функцијата на која бил не можел да не знае кои се најповолните економски оператори што давале понуди за возилата. Од овие причини, додаде таа, судот оцени дека Поповски е виновен за кривичното дело што му се става на товар – злоупотреба на службена положба, и му изрече казна од девет години зтавор

Веднаш по ова специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи побара судот на Поповски да му одреди притвор поради опасност од бегство.

Адвокатот на Поповски, Стерјо Зиков, се спротивстави на барањето за притвор, притоа оценувајќи дека неговиот клиент доби превисока казната.

-Поповски ниту досегам ниту отсега, има намера да бега. Тој е семеен човек, а притоа треба да се има предвид и неговата здравствена состојба, рече Зиков и додаде дека има немра да го искористи правоот на жалба на пресудата до повисоката судска истанца.

Самиот Поповски пред судот кажа дека не планира да бега, дека е семеен човек, со син кој е на школување, а има и болна мајка.

Судот по изрекувањето на пресудата даде пауза за да се посоветува околу барањето за притвор.

За кривичното дело за кое беше обвинет на Поповски законот  предвидува казна затвор од четири до 15 години.

Одбраната, пак, на претходното рочиште побара Поповски да биде ослободен од обвинението. Поповски пред Судот кажа дека не е виновен и оти постапката што се води против него сериозно влијаела на неговото здравје. Рече и дека во изминатиот период се соочил со многу закани, уцени и притисоци, но не прецизира од кого. Тој се пожали и дека му бил даден отказ од МВР во, како што наведе, сомнителна дисциплинска постапка.

Ѓоко Поповски е обвинет дека со јавната набавка на 300 возила за МВР го оштетил буџетот за 453.570 евра. Според СЈО, Поповски незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше Македонија ДООЕЛ Скопје, Ка-Дис ДОО Скопје, Бохемија Автомобили Роус ДООЕЛ Скопје, Колевски ДОО Скопје и Авто Куќа ДОО Скопје избрани како економски најповолни понуди. (МИА)

Tags: Ѓоко ПоповскизлоупотребаКривичен СудМинистерство за внатрешни работипресудаСЈОФатиме Фетаи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ