• Latest
Фб Пост на „Ленка“ споделуван од функционери и активисти на Левица кој шири дезинформации и поттикнува нетрпеливост и омраза, 24.12.2021, извор: ФБ страница на Ленка

Дезинформации и поттикнување нетрпеливост и омраза на социјалните мрежи од активисти на „Левица“

December 25, 2021
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ја поништи кандидатската листа за советници за Град Скопје на ДНЕТ, гласовите ќе се сметаат за неважечки

October 18, 2025
Фото: МВР

Претрес во село Согле, општина Чашка поради сомнение за сторено кривично дело „поткуп при избори“

October 18, 2025

Селими: Владата ги урива двата столба на државата – меѓуетничките односи и европската интеграција, со што ја доведува во прашање самата демократија

October 18, 2025

Жител на Ваташа приведен поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје

October 18, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Исправена е печатната грешка, гласањето на болните во Општина Ново Село се одвива непречено

October 18, 2025
Фотографија: ВИ

За локалните избори се акредитирани 1451 набљудувач – 807 домашни и 644 странски

October 18, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

October 18, 2025

Андонов: За да се заштити демократијата, потребна е демократизација на партиите и политичките структури

October 18, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

October 18, 2025

Денеска гласаат затвореници, лица во домашен притвор, болни и немоќни лица и лица во старските домови

October 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Дезинформации и поттикнување нетрпеливост и омраза на социјалните мрежи од активисти на „Левица“

December 25, 2021 16:42
in АНАЛИЗИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Фб Пост на „Ленка“ споделуван од функционери и активисти на Левица кој шири дезинформации и поттикнува нетрпеливост и омраза, 24.12.2021, извор: ФБ страница на Ленка

Фб Пост на „Ленка“ споделуван од функционери и активисти на Левица кој шири дезинформации и поттикнува нетрпеливост и омраза, 24.12.2021, извор: ФБ страница на Ленка

Share on FacebookShare on Twitter

ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

Активисти на партијата Левица на 24.12.2021 ширеа дезинформации и поттикнуваа нетрпеливост и омраза на социјалните мрежи, во врска со гостување на „албанска танцувачка група“ на меѓународен фестивал во Турција во октомври 2021.

Дезинформации и омраза на „Твитер“

Јована Мојсоска, членка на президиумот на Левица, и носителка на листата на советници за општина Струга, на својот Твитер профил објави „На меѓународен фестивал во Турција испратиле албанска танцувачка група додека секоја држава ја презентира културата на својата конститутивна нација. Албанците имаат друга држава за да ги презентира, додека македонската нација ја има само оваа држава и нејзините културни особености.“

Твитот на Мојсоска, беше споделен од други твитерџии со моментари кои поттикнуваат нетрпеливост и омраза врз етничка и политичка основа.

Дезинформации и омраза на „Фејсбук“

Дезинформации и меѓуетничка нетрпеливост и омраза продолжија да се шират и на фејсбук страницата на „Ленка“ .


Покрај содржината од твитот на Мојсоска, во постот на „Ленка“ е содржано потпалувачко толкување маскирано како факт, дека „конститутивниот македонски етникум“ бил „целосно разорен“: „Северна е претворена во племенска заедница на етникуми, постмодерен експеримент каде конститутивниот македонски етникум како КОХЕЗИВЕН елемент и јадро на државата е целосно разорен!“, при што се бара итна оставка од министерката за култура.

Дезинформациите на „Ленка“ беа споделени и од неформалниот партиски лидер Димитар Апасиев, и од други советници и активисти на „Левица“. Дел од коментарите укажуваат дека ваквите дезинформации предизвикале не само нетрпеливост и омраза врз етничка и политичка основа, туку и отворени повици за насилство („Бесилка за оваа стока“).

Весна Кираџиева, кандидатка на „Левица“ за градоначалник на општина Аеродром, го сподели статусот на „Ленка“ со непоткрепени обвинувања за „бришење на македонскиот идентитет на секоја основа“, „за бришење на Македонија, македонската култура и нација“ и дезинформации и потпалувачки говор.

Дезинформациите и говорот кој поттикнува нетрпеливост и омраза на порталот „Антропол“

Дезинформациите и говорот кој поттикнува нетрпеливост и омраза беа проширени и надградени од порталот „Антропол“, во написот Ленка: На меѓународен фестивал Македонија е претставена само од албанска танцувачка група.

Во написот се обвинува Министерството за култура предводено од министерката Ирена Стефоска, дека „испратило албанска танцувачка група да ја презентира традиционалната култура на Република Македонија“, што министерката го демантираше.

Исто така, дополнително во написот од „Антропол“ се тврди дека културата на етничките Албанци, државјани на Македонија, не требало да биде претставувана од нивната држава Македонија, туку од Албанија, која била нивна држава: „Албанците имаат своја држава и култура која е повикана да ги претставува нивните традиции, додека македонскиот народ ја има само оваа држава и нејзините културни особености како свој единствен дом.“

Во написот од „Антропол“ се обвинува „министерката и нејзиниот државен секретар Валмир Азири“ дека „очигледно сакаат да испратат порака до македонскиот народ, дека северна de fakto е веќе федерација со два конститутивни народи.“ Исто така, во написот од „Антропол“ се содржани и дополнителни дезинформации, теории на заговор, и непоткрепени обвинувања за „големоалбански шовинизам“: „…Македонија е претставена преку носии и танци на друга нација (во случајот албанската), со цел во јавноста да се создаде погрешна претстава дека и албанскиот народ е конститутивен народ во оваа држава, а не етникум, со што уште еднаш на дело се покажува големоалбанскиот шовинизам и нивните аспирации во оваа држава“.

Демант на министерката за култура

Министерката за култура Ирена Стефоска демантираше дека Министерството за култура го поддржало гостувањето на наведениот ансамбл да ја претставува Северна Македонија на меѓународен фестивал во Турција: „Лажна е веста што се шири на социјалните мрежи дека Министерството за култура го поддржало гостувањето на наведениот ансамбл да ја претставува Северна Македонија на меѓународен фестивал во Турција. Вистината е дека ансамблот конкурираше за овој настан на Годишниот конкурс, но Комисијата за меѓународна дејност не го поддржа…“.

И во коментарите под објавата на министерката за култура беа забележливи пораки против „предавници“ што ширеа етничка нетрпеливост и дезинформации дека културата на етничките заедниците во Македонија била култура на други држави.

Ќе се разбуди ли обвинителството?

Министерството за култура со години издвојува средства за меѓународна дејност – фолклорна дејност, и на индивидуи и на здруженија на граѓани. Од увидот во таквите програми во последниве 10 години може да се извлече заклучок дека е редовна практика Министерството за култура да поддржува учество на меѓународни фолклорни фестивали на фолклорни ансамбли.

На пример, и во 2015 повеќе албански фолклорни ансамбли биле поддржани на фестивали во Турција и Полска, но била поддржана и „Српската заедница во Македонија“ на учество на Интернационалниот фестивал „Драгачевска труба“ во Гуча, Србија (Годишна програма 2015).  И претходно, повеќе албански фолклорни ансамбли биле подржани за учество на фестивали во Турција, Северен Кипар, Албанија, Косово, Италија и во други држави, како што биле подржани и други фолкорни ансамбли на други етнички заедници кои ја претставувале државата на други меѓународни фестивали. И последнава деценија во политичкиот и медиумскиот простор не е забележан ваков обид за поттикнување меѓуетничка нетрпеливост и омраза, и доведување под прашање на востановената практика на Министерството за култура да поддржува учество на меѓународни фолклорни фестивали на ансамбли кои ја промовираат фолклорната разноликост во Македонија.

Фактот што активисти на „Левица“ шират дезинформации во врска со самостојно гостување на „албанска танцувачка група“ на меѓународен фестивал во Турција во октомври 2021 (кое воопшто не било поддржано од Министерството за култура), укажува дека станува збор за намерно ширење дезинформации, со цел да се поттикне нетрпеливост и омраза врз етничка и политичка основа.

Дали конечно ќе се разбуди и заспаното обвинителство и ќе покрене постапка за „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ од страна на активисти на партијата „Левица“?

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ