• Latest

Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија

May 19, 2022
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026
Кијив, 11 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Теророт на рускиот агресор не познава граници: Кијив, Запорижја и други градови под напад, погодена и детска болница

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО

Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија

May 19, 2022 13:32
in ДЕЗИНФО, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во тек е панел дискусијата од серијалот „Зад димната завеса“, на тема  „Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија“.

На панелот  учествуваат комуникологот Бојан Кордалов и новинарката Јасмина Миронски. Модератор на дискусијата е Зоран Иванов.

Јасмина Миронски 

Миронски се осврна на својата долгогодишна работа во странските медиуми, и низ разговорот посочи на разликите помеѓу пропагандата и дезинформациите што се пласираат во медиумите.

Речиси 27 години работев за агенцијата Франс прес и за многу други странски медиуми, како СНН, Њусвик, Ди –Велт, Лос Анџелес Тајмс и други, и тоа огромно искуство ми дава за право да извлечам некој заклучок, што би била клучната разлика меѓу насоките во медиумите од тој свет, западно развиениот, и она што се случува можеби кај нас или на овие простори. Пред се, најчесто таму се внимава и се пренесува –веста. Се пренесуваат фактите и веста, а потоа се коментираат истите. Во денешното модерно време ние имаме мешање на жанрови. Меѓутоа, за да можеш да ги мешаш жанровите, треба многу добро да ги познаваш. Агенциите се нарекуваат фабрики за вести, имаме вести, имаме пренесување информации, а потоа евентуално прават анализа. Ретко имаме коментар.

И во вакви ситуации, обично и нема некои посебни насоки од уредништвото, но некако имам чувство дека новинарите се повеќе, не само кај нас, туку насекаде во светот, знаат што би се допаднало на уредништвото, и не би поминало, па самите си применуваат некој вид, условно речено, автоцензура, и така се однесуваат и така се определуваат.

Во новинарството е многу важно да се биде објективен, новинарството се базира на вистинитост, на податоци, на факти, на точност, на навремени информации и на едукативност, меѓу другото. Меѓутоа, ерата во која живееме, динамиката со која се соочуваме, напливот на вести на социјалните медиуми, тоа е едно, не море, тоа се лавина од информации, фотографии и видео клипови, и сега во сето тоа, многу е тешко да си сигурен што е вистина а што не е, што е дезинформација, а што е пропаганда, затоа што има разлика помеѓу едното и другото, но на крајот на денот, и едното и другото имаат за цел да заведат или да насочат, посочува Миронски.

 

Бојан Кордалов

Комуникологот Бојан Кордалов се осврна на регулациите донесени од ЕУ, што се однесува до заштитата од пропаганда, како и за дезинформациите што се пласираат на социјалните медиуми.

Сериозна е дебатата околу тоа колкава и каква треба да биде регулацијата. Конкретно, токму во француското претседателство со Европската Унија, коешто е во последниот месец, а се донесени два поголеми закони, регулативи, а кои многу јасно ги ставаат границите со цел да не се злоупотребува приватноста, да се заштитуваме од пропаганди и дезинформации, меѓутоа, и да имаме многу поголема конкуренција и медиуми, социјални медиуми, кои се и работат во интерес на граѓаните. Тоа значи, еве на пример, еден интересен факт, со тие акти се предвидува да може да се има интероперабилност, на пример од месинџер на Фејсбук, на Уотзап, нешто кое ние го гледаме со мобилните, лесно можете да мигрирате или лесно можете да вртите на друг број, сега нешто такво се воведува и таму. Зборувам за нешто што е интересно за јавноста, инаку, се птити приватноста, се забранува монополизацијата од типот на одреден оператор да не ги форсира своите услуги, на пример, некој оперативен систем да не дава приоритет само на своите апликации. Има многу работи што се регулираат многу повеќе, но мора да се биде многу внимателен. Основата на интернетот е да даде многу поголема слобода. Основата на брзата комуникација е да даде многу повеќе права и можности, не само на граѓаните, туку и на професиите, како новинарската. Добро знаете колку интернетот помага во тоа информациите полесно да бидат достапни, многу интервјуа се реализираа ете за време на пандемијата.

На социјалните мрежи има контрола, меѓутоа, ако очекуваме контрола на оној надзор, камери на се, такво нешто ќе ја уназади работата. Меѓутоа, алгоритмите и особено оној правец во којшто тргна па се врати Фејсбук или Мета, унапредувањето оди брзо и лесно, препознава штетни појави како дезинформации, лажни вести, злоупотреба на фотографии, тоа се унапредува.

Има едно правило кое вели дека во демократијата се води битка со криминалот. А во недемократијата, криминалот и полицијата се заедно. Така што, битката помеѓу едната и другата страна е вечна, и треба да биде вечна, тапкање во место би било кога не би се унапредувале, и тоа е нормална ланчана реакција. Ние мора да бидеме реални, никој од нас не ги сака дезинформациите, никој не ги застапува, но тие постојат, и се трансформираат. Пред само пет години, кога говоревме за дезинформации односно лажни вести, зборувавме за големи букви во насловите, за веб страни кои личат на оригиналната, тоа веќе е заборавено.  Денес дезинформациите се спакувани, пласирани така да воопшто не се препознаваат… вели Кордалов

Д. Тахири


Дисклејмер: Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите / авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ