• Latest
Фотомонтажа„ Д. Мишев / ЦивилМедиа

Дезинформациите за конфликтот на Блискиот исток пуштени на најјако

October 20, 2023
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

June 17, 2025
Фото: Фејсбук на др. Ненад Лазаров

Студентите во блокадата поднесоа кривична пријава против Вучиќ за посетата на повредените од Кочани

June 17, 2025

ДУИ: Од регионална ѕвезда до фактор на изолација – 7 години од Преспанскиот договор

June 17, 2025
Фото: МВР

РЕАКЦИИ: Огромно НЕ на министерот Тошковски, граѓаните веруват дека стапката на криминал не е намалена, напротив, таа е зголемена

June 17, 2025
Зоран Заев и Алексис Ципрас за време на потпишувањето на Преспанскиот договор во Нивици

Преспанскиот договор, седум години подоцна: Од дипломатски триумф до ризик од враќање наназад

June 17, 2025

Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани

June 17, 2025
прашање на денот преспа

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: 7 години Преспански – кои се придобивките?

June 17, 2025
Ерол Ризаов

Моралната одговорност не се мери на избори

June 17, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за автобускиот „превоз“ на национализмот, судскиот триумф на Мицкоски и Тошковски против Дерала, како профитираат политичарите од Газа и други прашања

June 17, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Паранојата и стравот во Иран од Мосад расте, оние кои носат „маски, капи и очила за сонце“ се израелски шпиони

June 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Дезинформациите за конфликтот на Блискиот исток пуштени на најјако

October 20, 2023 12:05
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Фотомонтажа„ Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа„ Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Ширењето дезинформации од македонските корисници на социјалните мрежи добива на интензитете со најновите случувања на Блискиот исток. Војната помеѓу Израел и Хамас ги поттикна македонските „ дежурни“ ширачи на лажни вести, дезинформации и пропаганда да ја засилат својата активност со цел да  ја доближат само ним познатата „вистината“ на „заблудената“ и  „неосвестена“ македонска интернет публика.

Вистиномер ги анализира и дебанкира последните објави на два македонски Фејсбук профили кои шират дезинформации, од кои едниот, како актуелна содржина објавува видеоматеријал со заглавен конвој на граничниот премин Рафах, кој всушност не е од 2023 година, туку е стар повеќе од две години. Како што пишуваат проверувачите на факти на Ројтерс, видеото со египетскиот конвој хуманитарна помош е од мај 2021 година, а не од 2023 година, додека  во друга Фејсбук објава се споделуваат фотографии на кои се гледа постер за кој се тврди дека е поставен во Техеран, по почетокот на конфликтот помеѓу Израел и Палестина што се случи неодамна, но, фотографијата е извадена од контекст и не претставува скорешен настан.

 

Во рецензијата на Вистиномер на објавата на социјалната мрежа Фејсбук од 16 октомври во која се споделува видео се вели:

Египетски возила со хуманитарна помош чекаат пред граничниот премин Рафах, веднаш до Појасот Газа.
Во видеото се гледа конвој на амбулантни возила, како и големи камиони (шлепери) наредени во колона како чекаат на граничниот премин Рафах кој се наоѓа на границата меѓу Египет и Газа.
Објавата – заедно со ова видео на Фејсбук е пласирана на 16 октомври 2023 година, кога Ројтерс извести дека „помошта за Газа е заглавена, и дека Египет вели дека Израел не соработува“.
Египет извести во понеделникот, дека Израел не соработува со доставата на помош во Газа и евакуацијата на странски државјани низ единствениот премин кој не го контролира целосно, оставајќи стотици тони помош заглавена. Каиро вели дека преминот Рафах, потенцијално витален премин за очајно потребните залихи во Газа, не е официјално затворен, но е неоперабилен поради нападите на Израел на страната на Газа,пишува во текстот на Ројтерс.

Меѓутоа, споделениот видеоматеријал во објавата што ја рецензираме, не е од октомври 2023 година, туку е стар повеќе од две години.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Ројтерс, видеото со египетскиот конвој помош е од 2021 година.

Иако видеоматеријалот прикажува област во близина на преминот Рафах, што е потврдено со сателитски снимки, снимката не е од 2023 година. Египетскиот канал Ал Нахар, првпат го сподели видеото на Фејсбук на 31 мај 2021. Арапскиот опис на видеото гласи: „По третпат Египет го испраќа најдолгиот конвој помош и поддршка за Палестинците во Газа“.

По најновиот конфликт (од 7 октомври 2023 г.), пак,  стотици тони со помош од невладини организации и неколку држави, од 16 октомври, се заглавени во Египет, објави Ројтерс на 16 октомври кога Каиро кажа дека поради тоа што патиштата во Газа се под постојани бомбардирања, тие не се операбилни.

Инаку, Египет на 16 октомври, во понеделникот објави дека Израел не соработува со доставата на помош во Газа и евакуирањето на странските државјани.

Досега израелската влада не зазема позиција на отворање на Рафах границата од страната на Газа, за да се дозволи влез на помош и излез на државјани на трети земји,објави Ројтерс.
Официјални лица на САД се надеваа дека Рафах ќе биде операбилен барем неколку часа во понеделникот. Портпаролот на Белата Куќа, Џон Кирби рече дека овие надежи не се оствариле.
Војната направи доставата на помош низ Рафах да биде многу тешка, вели портпаролот на Обединетите Нации, Стефан Дујариќ. 

„Има потреба од механизам со оглед на тоа што состојбата има импликации за повеќе страни, од кои некои не се во добри односи. Работиме на тоа со клучните партнери“, изјави тој за новинарите, а пренесува Ројтерс.

Ројтерс пишува дека радио станицата поврзана со Хамас Акса, објави дека бомбардирањето на Израел го погоди преминот Рафах во понеделникот. Египетската страна на границата изгледа напуштена, а залихите беа собирани во блискиот град Ал Ариш.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека во оваа објава на Фејсбук  се пропушта контекстот. Станува збор за вистинско видео, меѓутоа не е од 2023 година од неодамнешната состојба која се разгоре меѓу Израел и Хамас, туку прикажува состојба од 2021 година.

Втората рецензија на Вистиномер е за објавена фотографијата од постер, на кој е претставена иранска хиперсонична ракета, е стара. Иако се тврди дека таа претставува неодамнешна случка во Техеран, главниот град на Иран, фотографијата е, всушност, од јуни оваа година, неколку месеци пред нападот на палестинската група Хамас врз Израел

Фејсбук објава споделува фотографии на кои се гледа постер за кој се тврди дека е поставен во Техеран, по почетокот на конфликтот помеѓу Израел и Палестина што се случи неодамна. Ова не е вистина, фотографијата е извадена од контекст и не претставува скорешен настан.

Во Техеран се креваат постери кои ги рекламираат иранските хиперсонични ракети: 400 секунди до Тел Авив,пишува во објвата.

Во деновите откако милитантите на Хамас го започнаа нападот на Израел на 7 октомври, дезинформациите на интернет ги искривуваат фактите околу конфликтот. Застарените и измислени слики и видеа се извадени од контекст и се претставуваат како да се резултат од конфликтот помеѓу Израел и Газа и како да прикажуваат неодамнешни настани.

Таква е и фотографијата што е споделена во оваа Фејсбук објава. Се тврди дека претставува неодамнешна случка во Техеран, главниот град на Иран, но фотографијата е всушност, од јуни оваа година, неколку месеци пред нападот на Хамас врз Израел.

Иран постави провокативен билборд во Техеран на кој е прикажана хиперсонична ракета наречена Фатах и застрашувачка порака која гласи „400 секунди до Тел Авив“, директно загрозувајќи го најголемиот град во Израел.

Но, постерот не е поставен сега, како што тврди објавата, туку на 7 јуни и не претставува реакција на Иран по најновата ескалација на односите помеѓу Израел и Газа. Постерот осамна на улиците на Техеран еден ден по церемонијата одржана за откривањето на иранската наводна хиперсонична ракета од домашно производство, наречена Фатах, која се случила на 6 јуни оваа година.

Овој билборд, кој носи заканувачка порака и на персиски и на хебрејски, се обидува да го заплаши Израел, интензивирајќи ја и онака нестабилната ситуација во регионот во тој момент.

Иранскиот претседател, Ебрахим Раиси, присуствуваше на церемонијата за откривање на ракетата Фатах („Освојувач“), за која се тврди дека има дострел од 1.400 километри и способност да патува со брзина до 15 пати поголема од брзината на звукот. Со својата наводна способност да ги заобиколи системите за противвоздушна одбрана, Иран тврди дека ракетата Фатах може да нападне кој било регион во Израел.

Според иранската државна телевизија, новооткриената хиперсонична ракета може да ги заобиколи дури и најнапредните антибалистички ракетни системи на САД и, како што велат, „ционистичкиот режим“, вклучувајќи го и израелскиот одбранбен систем „Железна купола“.

Во согласност со пораката на транспарентот, командантот на Воздухопловните сили на ИРГЦ, бригаден генерал Амир Али Хаџизадех, за време на церемонијата на откривање на 6 јуни, истакна дека ракетата Фатах може да стигне до Тел Авив за само „400 секунди“.

Техеран има историја кога станува збор за вакви закани, како што беше и случајот во ноември 2022 година, кога иранските воени сили изразија слични предупредувања, откако го објавија нивниот успешен развој на хиперсонична балистичка ракета способна да маневрира во и надвор од атмосферата.

Новата ракета – наречена Фатах или „Освојувач“, беше претставена откако Иран рече дека повторно ќе ги отвори своите дипломатски места во Саудиска Арабија, односно откако постигна смирување на тензијата со Ријад по повеќегодишниот конфликт.

Објави од постерот со датум од 7 јуни 2023 година можат да се забележат и на социјалната мрежа X (поранешно Твитер), како уште еден доказ дека постерот не е објавен како резултат на неодамнешниот конфликт.

Постерот е реален и бил  поставен  во Техеран, ама тоа не се случило сега и не поради нападот којшто Хамас го изврши врз Израел, а потоа Израел се закани со копнена офанзива во Појасот Газа. Но објавата манипулира и тврди дека постерот е објавен сега, па затоа ја оценуваме како делумна дезинформација.

М. Д.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: дезинформацииЕгиетИранлажни вестимакедонски Фејсбук профили
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    503 shares
    Share 201 Tweet 126
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    224 shares
    Share 90 Tweet 56
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ