Во пресрет на антиевропските протести што се закажани за 19 часот на 12 јули, чија рута минува и низ Старата Чаршија, преку Твитер се шират дезинформации со старо видео од предизборна кампања на Алијансата за Албанците во 2020 година.
Твитер профилот Блефер @el_padrino_ попладнево објави старо видео од предизборната кампања за парламентарните избори, придружено со провокативна порака. Според Мониторинг тимот на ЦИВИЛ кој веднаш реагираше на оваа дезинформација, се работи за намерна манипулација со емоциите на луѓето со цел да се предизвика омраза и тензии врз меѓуетничка основа.
Се работи за овој твит. Тој е ДЕЗИНФОРМАЦИЈА!
Поздрав до оние на кои им пречи кутлеш. У уста да ви свршам! pic.twitter.com/Vu6gQ7zosS
— Блефер (@el_padrino____) July 12, 2022
Дезинформациите се однесуваат на лажни информации кои имаат за цел да манипулираат, да предизвикаат штета или да наведат луѓе, организации и држави во погрешна насока. Злонамерните информации се дел од кампањите со дезинформации и се однесуваат на информации што произлегуваат од вистинити информации, но често се пласираат тенденциозно и се преувеличуваат на начин што доведува до заблуда и предизвикува потенцијална штета, тензии, немири и насилство.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ