Што се однесува до изборите, не знам по кој пат треба да повторам, и ќе повторувам се додека и последниот граѓанин разбере, а верувам дека на граѓаните им е јасно, дека зависи од одлуките на политичките партии во собранието, за потврдување на датумот за избори во рамки на роковите кои ги открив претходно, изјави претседателот на македонското собрание, Талат Џафери.
„Под претпоставка дека 8 мај би бил денот на кој ќе се одржат заеднички претседателските и парламентарните избори, роковите за распишување на изборите ќе бидат на крајот на февруари, 27-28 февруари, а рокот за формирање техничка влада , на крајот на јануари, 27-28 јануари. За да останеме во рамките на законските и уставните рокови. Максимум 90 и минимум 70 денови од распишување на изборите, и врз основа на Пржинскиот договор, 100 дена пред парламентарните избори треба да има техничка влада.“, посочи Џафери.
Д. Т.