„Врз основа на моите надлежности, кога ќе одлучам тогаш ќе ја свикам. Јас засега немам никакви планови“, изјави Талат Џафери за Тв21, на прашањето кога ќе има продолжение на Конститутивната седница
Одговорот следува откако поранешниот спикер на Собранието на Северна Македонија ја одложи денешната конститутивна седница, откако на својот Фејсбук профил објави дека добил внук.
Собраниските служби известија дека претседавачот на седницата поради семејни причини нема да го закаже продолжението на седницата.