• Latest

Џафери: Немаме друга алтернатива освен да продолжиме да се бориме за опстојување на системот на владеење на правото

June 2, 2023
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Немаме друга алтернатива освен да продолжиме да се бориме за опстојување на системот на владеење на правото

June 2, 2023 11:31
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Немаме друга алтернатива освен да продолжиме да се бориме за опстојување на системот на владеење на правото, над системот на владеење на силата и менувањето на границите со употреба на сила“, порача претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето на Состанокот на високо ниво на претседатели на парламенти на земји членки на НАТО „Глобални предизвици, глобални партнери, глобален НАТО“, што се одржува денеска и утре во Вилнус.

Нашата битка, посочи Џафери, мора одлучно да продолжи преку зајакнување на постојните партнерства и потрага по нови, креативни партнерства и сојузи со држави и организации кои сè уште веруваат во свет заснован на демократски и либерални вредности, нивна заштита, долгорочна одржливост и резистентност кон овие негативни процеси. Нам како претставници на народот, ни останува да продолжиме да ги промовираме вербата и исправноста на мултилатерализмот, како единствен механизам кој овозможува мир и просперитет во светот, пренесе МИА.

Тој истакна дека државава со исполнувањето на стратешката цел – зачленувањето во НАТО, успеа да ја заштити независноста, територијалниот интегритет, неповредливоста на меѓународно признатите граници, но и да промовира добрососедска политика и стабилност во поширокиот регион.

„Мојата земја, Република Северна Македонија, е пример на земја која беше увозник, а денес е извозник на мир, активен партнер и контрибутор на Алијансата. Нашите заложби за придонес кон глобалниот мир и безбедност претставуваат водилка за нашите институции, за нивна континуирана подготовка на капацитети и способности за учество во меѓународните мисии и операции на НАТО, но и на Европската унија и Организацијата на Обединетите Нации“, рече Џафери.

Тој укажа дека новите глобални безбедносни и геополитички трендови во себе носат закани по безбедноста на државите, за кои е потребно градење на соодветни механизми за одговор и посеопфатно делување од страна на сите чинители.

Промените во безбедносната средина, посочи Џафери, не дозволуваат заканите да се поимаат издвоено, како претходно, туку бараат осовременување на капацитетите и подготвеност за одлучно делување. Тука особено би ги издвоил растечките влијанија на трети земји, миграциските текови и климатските промени, пандемиите, хибридните закани, лажните вести и дезинформации, фрагилноста на системите за снабдување, зависноста од стратешки значајни ресурси и вештачката интелигенција.

Според Џафери, денес за жал сме сведоци на различни поимања на примената и функционирањето на мултилатерализмот, како и на воведување на нови модели на наводна алтернативна демократија. Таквите системи на уредување, укажа тој, си обезбедуваат внатрешни правни гаранции за неограничено владеење, за оправдано демонизирање на политичките опоненти, негирање и криминализирање на слободата на говорот. Она што уште повеќе загрижува, како што рече, е нивниот тренд за извоз на ремоделирана демократија надвор од нивните граници и придобивање на други држави во ново креираниот поредок. Меѓу инструментите кои ги користат за оспорување на глобалниот демократски политички пејзаж се хибридните закани, лажните вести и дезинформации кои директно влијаат на безбедноста на нашите општества, а сето тоа без употреба на војска или воено оружје.

„Нивното таргетирано влијание преку идеолошка војна ja погодува нашата демократска отпорност, ја намалува довербата на граѓаните во демократски избраните влади и парламенти и перцепцијата на граѓаните дека институциите имаат капацитет да се справат со овие појави. Нашиот регион на Западен Балкан е жив сведок на овие активности, особено во последната деценија. Прашањето кое тука се поставува е дали НАТО се менува и дали ние како земји членки и како парламенти придонесуваме во таа промена и адаптација за иднината? Лично сум убеден дека досега успешно се носиме со проблемите и дека во историјата на Алијансата, никогаш не сме биле по обединети за нејзиното опстојување и промоцијата на нејзините вредности и можности на светската политичка и безбедносна сцена. Во овој комплексен мулти-поларен свет, кој ја предизвикува глобализацијата и мултилатерализмот, дополни тој, како држави и политичари мораме да делуваме брзо и да ја спречиме ваквата фрагментација, бидејќи претставува сериозна закана за целиот свет“, рече Џафери.

На настанот учествуваат претседателите на парламентите на земјите членки на НАТО, претседателката на Парламентарното собрание на НАТО, Жоел Герио Мејлам, помошник-генералната секретарка на НАТО за јавна дипломатија, Баиба Браже, во име на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук, најави собраниската прес-служба.

Дискусијата е поделена на три панели: Глобални предизвици, глобални партнери, глобално НАТО,
Внатрешна трансформација: зголемување на трошоците за одбрана, зајакнување на силите за одвраќање и одбрана, и Силна и независна Украина: план за долгорочна поддршка на Украина а претседателот Џафери е предвиден за клучен говорник во првиот панел од страна на организаторот.

На маргините на состанокот, за учесниците е предвидено следење на демонстративна вежба изведена од припадници на борбената група на НАТО „Зајакнато истурено присуство“.

Во состав на македонската делегација предводена се и пратениците Миле Талевски, Драган Ковачки и Вјолца Адеми.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ