„Општа е констатацијата, па и моја како претседател на Собранието, дека предусловите за одржување предвремени избори врз основа на одлуката за расшуштање на Собранието се невозможни и непотребни. Свесни за новата состојба општа е одлуката дека не треба да се одржуваат изборите. Но тоа е политичка одлука“, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери на прес конференција.
„Од правен аспект со ексертите заклучокот е дека Собранието не е во можност да се собере како резултат на претходната одлука за распуштање, со што Собранието го има вратено суверинитетот кај граѓаните од кај што и го добило. Во тој контекст предлогот беше дека е неопходно да се објави вонредна сосотјба која што ќе им овозможи на други надлежни институции соодветно да функционираат во согласност со новонастанатата ситуација. Со одлуката ингеренциите на Собранието преминуваат во надлежност на Владата. Јас сум на очекување на предлог одлука од Владата, која не е стигната, таа е во подготовка.
Ќе бидете информирани кога ќе ја добијам. Истата предлог одлука врз основа на Уставот член 125 став 4 поради општата констатација дека Соибранието не може да се собере ќе биде упатено до претседателот на државата да постапи по соодветното барање како што е пропишано. Се надевам дека претседателот во рамки на она што е пропишано ќе постави согласно проценката и оценката на ситуацијата. Собранието не може да се собере и поради мерката за забрана за собирање на голема група во една затворена просторија… Другите процедури околку изборите ќе ги регулира Владата“, истакна Џафери.