• Latest
Конференција на „Геопол“, Сараево, 21 февруари 2026

Џелал Хоџиќ и Адмир Лисица со директни пораки од Сараево: Европскиот пат под притисок, регионот во нова геополитичка турбуленција

February 22, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Џелал Хоџиќ и Адмир Лисица со директни пораки од Сараево: Европскиот пат под притисок, регионот во нова геополитичка турбуленција

February 22, 2026 12:33
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, РЕГИОН, ТОП 5
Конференција на „Геопол“, Сараево, 21 февруари 2026

Конференција на „Геопол“, Сараево, 21 февруари 2026

Share on FacebookShare on Twitter

Во Сараево викендов се одржа регионалната конференција „Геополитички промени и положбата на Бошњаците во Западен Балкан“, во организација на центарот за геополитички истражувања “Геопол“.

Конференцијата ја отвори Адмир Лисица, директор на „Геопол“, а ја модерираше Лариса Омерчиќ, новинарка на порталот „Одговор!“ На конференцијата говореа Џелал Хоџиќ, претседател на СДА Македонија, Кенана Струјиќ-Харбиќ, пратеничка во Собранието на Црна Гора, Мирсад Нурковиќ, потпретседател на Собранието на Црна Гора, како и Ахмедин Шкријељ, пратеник во Собранието на Србија.

Адмир Лисица

ЦИВИЛ МЕДИА побара изјави од директорот на „Геопол“, Адмир Лисица, како и од претставникот од Северна Македонија, Џелал Хоџиќ.

„Босна и Херцеговина никогаш не била надвор од глобалните политички превирања – ниту во времето на Берлинскиот конгрес, ниту денес. Истото важи и за целиот Западен Балкан. Тука започна Првата светска војна, а ниту падот на Железната завеса не го заобиколи регионот. Наместо стабилност, следеа агресија врз Босна и Херцеговина и крвавите војни во поранешна Југославија. Денешната ситуација повторно нè потсетува дека без сопствена сила и капацитет, остануваме ранливи. Затоа, неопходно е да ги зајакнеме нашите ресурси – и како Бошњаци во Босна и Херцеговина и како Бошњаци надвор од регионот“, изјави директорот на Геопол, Адмир Лисица, специјално за ЦИВИЛ МЕДИА.

Џелал Хоџиќ

Хоџиќ во својата изјава за ЦИВИЛ МЕДИА ја истакна улогата на актуелната влада во контекст на евроинтеграциите.

„Северна Македонија и Босна и Херцеговина немаат дилема околу својата стратешка ориентација – НАТО и ЕУ се единствениот пат. Бошњаците во Северна Македонија се целосно интегриран дел од општеството, присутни и успешни во сите сфери. Но денес, најголемата пречка не е недостаток на капацитет, туку политичкиот курс на Владата предводена од Мицкоски, која свесно го блокира европскиот пат на државата. Под засилено влијание на авторитарни центри како Вучиќ и Орбан, оваа политика ја оттурнува земјата од Европа и ја влече наназад. Концептот на ‘српски свет’ одамна не е само реторика – неговото штетно влијание врз Северна Македонија е јасно нотирано и во европските извештаи за напредокот“, изјави од Сараево Џелал Хоџиќ, претседател на СДА Македонија, за ЦИВИЛ МЕДИА.

Конференцијата предизвика силно внимание во Босна и Херцеговина и во регионот, потврдувајќи дека прашањата што ги отвори не се маргинални, туку суштински за иднината на Западен Балкан.

Џ. Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ