Градоначалникот на општина Боговиње, Албон Џемаили, одговори на прашања од ЦИВИЛ, за европските вредности во општината и политичките состојби во земјава по предвремените парламентарни избори.
ЦИВИЛ Медиа: Која е Вашата оценка за политичките состојби и процеси по предвремените парламентарни избори кои се одржаа во јули?
Џемаили: Сметам дека парламентарните избори што се одржаа во јули, не се избори со кои Република Северна Македонија може да се гордее.
ЦИВИЛ Медиа: До локалните избори има околу една година. Кои се Вашите прогнози?
Џемаили: Мислам дека општините кои овој мандат се управувани од опозициската албанска партија, покажаа успешно менаџирање врз основа на ветувањата пред граѓаните. Моите предвидувања се дека мнозинството албански општини ќе победат силно на следните локални избори.
ЦИВИЛ Медиа: Како локалната самоуправа во Гевгелија се подготвува за интеграција во ЕУ? Колку и на кој начин се почитуваат европските вредности?
Џемаили: Општина Боговиње овие три години е менаџирана на најдобриот можен начин, без долгови, транспарентна општина во којашто се остварени неколку капитални проекти како што се асфалтирани патишта, канализација, реконструкција на неколку училишта, изградба на Домот на Културата, адаптација на општинската градинка, изградба на новите водоводи за неколку населени места, итн.
Европските вредности чинат, што значи дека за да се почитуваат, тие општини треба да имаат доволно финансиски средства. Сепак, сметам дека европските вредности во општина Боговиње се почитуваат до максимум, имајќи предвид дека тоа е рурална општина во Северна Македонија.
обработка на текст: Дијана Тахири